|
„Што поскоро решавање на спорот за името“
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Македонскиот премиер Никола Груевски вчера со водачот на Демократската унија за интеграција и негов коалициски партнер Али
Ахмети, разговараше околу спорот со Грција за името.
Извори од Владата за БиБиСи велат дека Ахмети му ја пренесе пораката на премиерот дека неговата партија се залага за што поскоро решавање на спорот и така Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство со Европската унија. „Уцена“ Средбата се случува откако пратеникот на ДУИ, Рафиз Алити, вчера изјави дека Албанците ќе се радикализираат доколку до декември Владата не понуди компромисно решение за спорот и на меѓународните претставници и на Грција не им понуди цврсти гаранции за тоа. Весникот на албански јазик „Коха“, јавува дека премиерот Груевски му изразил на Ахмети незадоволство околу изјавата на пратеникот Алити. „Груевски побарал единство додека траат консултациите околу евентуален референдум за името“, јавува весникот. За денеска е најавено дека претседателот Ѓорѓе Иванов ќе се сретне со грчката амбасадорка во Скопје Александра Пападополу. Новинската агенција „Ројтерс“ објавува интервју со Васко Наумовски, потпретседателот на македонската влада одговорен за европски интеграции, во кое тој вели дека не е веројанто Македонија и Грција да го решат спорот пред самитот на Европската унија идниот месец. Но Наумовски се надева на напредок, сличен на оној постигнат меѓу Хрватска и Словенија околу нивниот граничен спор. Инаку Грција бара промена на уставното име на Република Македонија, со географска одредница со која ќе се направи разлика меѓу државата и поширокиот географски регион Македонија, кој се протега и на грчка територија. Притисок и молк Дописникот на БиБиСи од Скопје вели дека целата енергија на државниот врв е насочена кон спорот со името, иако се’ уште не се откриваат детали за понатамошните чекори на Македонија. Земјата е под силен меѓународен, но и домашен притисок да го затвори прашањето за името до седми декември, датумот кога Советот на министри на Европската унија ќе решава дали на Македонија да и’ се даде датум за почеток на преговорите. Сите консултации се одржуваат зад затворени врати, далеку од очите на јавноста. Ставот на македонските политичари е да не се открива многу од разговорите за да не се наштети на процесот на евентуално решавање на проблемот со името. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||