BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 03. Ноември 2009 - Објавено на 08:52 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Клаус конечно го потпиша „Лисабон“
 
Вацлав Клаус
Вацлав Клаус
Чешкиот претседател Вацлав Клаус го стави својот потпис на Лисабонскиот договор за реформи на Европската унија, со што е отстранета и последната препрека за негово стапување во сила.

Клаус го одобри документот откако утрово чешкиот Уставен суд пресуди дека тој не е во судир со законите на земјата.

Се очекува Договорот да стапи во сила следниот мецец.

Претходно, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, рече дека сега е расчистен патот за брзо дејствување кон промените кои и' се потребни на Европа.

Тој вклучува и укинување на ветото во одлучувањето во одредени ситуации, и именување на европски претседател и министер за надворешни работи.

Приговорите во Чешка против спогодбата беа поднесени од неколку евро-скептични сенатори а претседателот беше еден од најголемите противници на усвојувањето на овој документ.

Чешка беше единствената членка на Европската унија која до сега го немаше ратификувано договорот.

Анализа на БиБиСи

Европската унија се зафаќа со најзначајниот чин од оваа деценија - да ги освежи своите правила и да го направи клубот од 27 држави и половина милијарда луѓе, да работат поефикасно.

По трите неуспешни референдуми во Франција, Холандија и Ирска, и повлекувањето во последната минута на Чешка, текстот кој започна амбициозно како „европски устав" конечно е ратификуван како разводнета верзија на Лисабонскиот договор.

Херман ван Ромпој
Белгискиот премиер стана фаворит...

Дипломатите тврдат дека договорот, кој се очекува дека ќе и’ даде на Унијата посилен глас во светот, ќе стапи на сила на први декември.

Ќе создаде европски дипломатски сервис и две нови, силни работни места.

За неколку дена, лидерите на ЕУ се очекува да изберат постојан претседател на Советот на Унијата и шеф за надворешна политика.

По интензивните шпекулации околу Тони Блер, фаворит во трката за претседател сега е малку влијателниот белгиски премиер Херман ван Ромпој, а за британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд се типува за втората по значење работа.

Лисабонскиот договор ќе донесе и други измени - ветото на членките ќе стане исклучок, а почесто ќе се користат заедничките закони.

Договорот ќе им отвори пат на и на земји како Хрватска, Исланд и Турција да и’ се приклучат на Унијата.

Но, и за прв пат ќе им понуди на земјите членки истапување од организацијата, доколку тие се решат да ја напуштат.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
ЕУ реши за климата и „Лисабон“
29 Октомври, 2009 | Вести
„Лисабон“ ќе зависи од Чешка
07 Октомври, 2009 | Вести
Ирците се согласија за Лисабон
02 Октомври, 2009 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност