|
Фондот за здравство - предизвик или ризик
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Судот во Скопје му одреди притвор на поранешниот директор на Фондот за здравство Ѓорѓи Тренковски кого финансиската полиција
го товари дека го оштетил буџетот за околу 450 илјади евра.
Тренковски е уште еден во списокот поранешни директори кој се сомничи за финансиски малверзации во Фондот за здравство, институција чие работење последниве години постојано се става под сомнеж. Фондот за здравство врши дејност од јавен интерес и како што пишува во законот, е самостоен во својата работа. Но, домашната јавност има впечаток дека често Фондот е под политичко влијание на кое не е имуна ниту една власт. БиБиСи ја праша Слаѓана Тасева од невладината „Транспарентност нулта корупција", зошто е тоа така? -„Премногу се големи фондовите што се слеваат таму што создава големи можности за било каков тип на злоупотреби, на појави на судир на интереси и затоа многу често имаме голем интерес да се става Фондот за здравство директно под капата на владеачките структури“, вели Тасева. До сега речиси сите директори на Фондот се сомничеа за финансиски малверзации, но има само една пресуда кога е досудена затворска казна. Фондот има многу надлежности во здравството во кои се вртат огромни суми пари, но сите сомневања за незаконско работење, за сега остануваат непотврдени: -„Тука се веледрогериите кои за да стигнат да си ги земат своите пари кои им ги должи Фондот знаат и да платат, но тоа се’ е во сферата на шпекулациите, докази немаме“, вели Менче Точи, новинар кој долги години го следи работењето на Фондот. Точи додава дека често се тврди оти политичките партии се на некој начин имаат финансиска корист од Фондот, но признава дека и тоа е тешко барем за новинарите - да го докажат: -„Во минатото пред суд одговараше само еден директор, против двајца беа поднесени пријави а ниту една немаше завршница. Запрашајте се зошто немаше завршница?", вели Менче Точи. Фондот за здравство прибира средства од задолжителното здравствено осигурување, ги плаќа здравствените услуги за осигурениците, плаќа надоместоци на плати, ги утврдува референтните цени на лековите, медицинските помагала и опремата кои се користат во здравствената заштита. Ова е голем обем на работа со јавните пари за кој познавачите велат дека е потребна строга контрола која може да ги спречи евентуалните ненаменски трошења. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Приведен поранешниот директор на Фондот за здравство02 Ноември, 2009 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||