BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 30. Октомври 2009 - Објавено на 08:05 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Се насетува решение на проблемот со Грција?
 
Ѓорге Иванов
Ѓорге Иванов
Се насетува некое решение за проблемот со Грција вели во интервју за БиБиСи македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Тој останува на ставот дека треба да има реферндум за името но остава простор доколку се дојде до решение кое ќе го задоволи мнозинството од граѓаните да се бара и друг начин на одлука.

За успех на преговарачкиот процес смета дека отстапки треба да направат и двете страни.

Кооперативност

БиБиСи: Последниот позитивен извештај на Брисел беше проследен со една прилично директна порака дека ова е добра шанса да се затвори проблемот со Грција за името. Дали тоа го чуствувате како притисок?

-„Тоа како прашање е во рамките Обединетите нации и н ие како држава до сега покажавме, навистина, една кооперативност да се најде решение, меѓутоа тој процес не може да се извади од Обединетите нации. Тој е таму, тој трае веќе 16 години и во последно време на некој начин се насетува некое решение. Прво тоа беше одложно поради изборите во Македонија. Кога завршија изборите претседателски и локални во Македонија, тој процес доби на динамика.

Процесот на некој начин беше стопиран за време на изборите во Грција и сега се очекува повторно да продолжи со иста динамика за да може медијаторот Нимиц на некој начин да понуди решение. Бидејќи ги знае ставовите на македонската страна, ги знае ставовите на грчката страна и тој како медијатор треба да го понуди конечниот предлог. Меѓутоа тоа се оддолжи поради изборите во Грција. Да се надеваме дека сега тоа ќе добие на динамика и тоа прашање конечно ќе добие некоја звршница.“

БиБиСи: Дали позитивниот годишен извештај на Европската комисија за Македонија може да го забрза процесот?

-„Тоа останува до Нимиц. Тој е медијаторот. Ние покажавме подготвеност. Нашиот преговарач, амбасадорот Јолевски ги има ставовите на нашата страна ги изнесува и учествува во тој сет на идеи кој беше понуден од страна на Нимиц. За сега тоа е единствениот начин како да се дојде до решение.“

БиБИСи: Неофицијално се најавуваат отстапки од двете страни или се притиска да има отстапки од двете страни. Очекувате ли да биде отворен тој пакет на отстапки и во која насока би оделе тие?

-„Тоа се’ зависи од пристапот што ќе го имаме во овој период. Отстапките се неопходни од двете страни. Затоа велиме дека решението треба да биде еден виде фер или разумен компромис. А компромисот да се постигне секој треба да отстапи од своите позиции за да се дојде до некоја средина која ќе ги задоволи и двете страни. Се’ додека траат преговорите имаме препорака да не ги откриваме сопствените позиции за да не наштетиме на целиот процес. Ние го почитуваме и опстојуваме на тој принцип и тоа дава резултати. Затоа истрајни сме секоја стана да држи до своите позиции и да ги изнесува единствено на преговарачот.“

За референдумот

БиБиСи: Евро-комесарот за проширување доновиве беше дециден дека идејата на македонската влада за референдум за името е како отворање на Пандорината кутија. Дали останувате на иста линија со премиерот и постои ли шанса сепак да не се одржи референдум?

-„Референдумот беше најавен како можност бидејќи станува збор за прашање кое ја менува историјата на еден народ. Го менува неговото опстојување. И тоа не може да биде одговорност само на некоја влада која има мандат кој го дава народот за четири години. Со тоа треба да се соочат сите што ќе живеат на овој простор и на некој начин таа одговорност му припаѓа на народот бидејќи тој го искористил правото да се идентификува со тоа што денес се нарекува Македонија. И тоа право е исклучиво негово. Така што референдумот е единствен начин на таа директна демократија каде народот ќе се изјасни по така суштествено прашање. Доколку се дојде до решение со кое мнозинството ќе биде задоволно веројатно може да се разговара и за друг начин како да се дојде до таа одлука.“

БиБиСи: Во јавноста како можност за отстапка се споменува повлекување на тужбата што Македонија ја поднесе против Грција во Хаг поради прекршување на Привремената спогодба од 95-та со ветото за членство на земјата во НАТО. Ја разгледувате ли оваа опција?

-„Тужбата во Хаг беше поради тоа што Грција ја прекрши Привремената спогодба. Доколку таа се врати на Привремената спогодба и дозволи Македонија под референцата БЈРМ да членува во НАТО тогаш тужбата станува беспредметна. Меѓутоа отстапка е сега битна на Грција да си ја почитува Привремената спогодба чиј потписник е и е депонирана во Обединетите нации“, вели македонскиот претседател Ѓорге Иванов во разговорот за БиБиСи.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност