|
Премиерот Груевски се сретна со Солана
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Во Македонија главните вести и натаму се вртат околу Брисел, односно посетата на премиерот Никола Груевски и неговата вчерашна
средба со високиот евродипломат Хавиер Солана.
Иако јавноста го очекуваше клучниот одговор дали Македонија до декемврискиот самит на Советот на министри ќе го реши спорот околу името со Грција, од што директно зависи натамошната европска интеграција на земјата, премиерот Груевски не даде конкретен одговор. Груевски рече дека Македонија го извлекла максимумот за оваа година со тоа што доби позитивен извештај од Европската комисија, на прагот е да добие визна либерализација, а го затвори и прашањето за обележување на границата со Косово. Хавиер Солана не зборуваше многу, но прашан што мисли околу идејата за референдум околу прашањето за името на кој инсистира Владата, рече дека референдумот не е најдоброто решение и дека со тоа не се решева прашањето. Во Скопје секој ден стасуваат силни пораки од високи претставници на меѓународната заедница во кои се вели дека сега е вистинскиот момент Македонија да го затвори проблемот со името. Средбата со еврокомесарот за проширување Оли Рен беше откажана поради здравствени проблеми на Рен. Денеска македонската делегација треба да се сретне со претставници на европски партии од десниот центар. Посетата на македонската делегација на Брисел доаѓа по објавувањето на извештајот на Европската комисија според кој Македонија е подготвена за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. БиБиСи разговараше со Светлана Јовановска, новинар кој добро ги познава и известува за случувањата од Брисел.
|
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
За името и на средбите во Брисел?27 Октомври, 2009 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||