BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 26. Октомври 2009 - Објавено на 17:09 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Милибанд: „Местото на Балканот е во ЕУ“
 
Дејвид Милибанд
Дејвид Милибанд
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд изјави дека усвојувањето на Лисабонската спогодба на Европската унија ќе значи дека Европа ќе нема оправдување за евентуалниот неуспех да развие јасна улога во светот.

На, говор во Меѓународниот институт за стратегиски студии во Лондон, Милибанд зборуваше меѓу другото, и за Западниот Балкан.

Во 90 години на минатиот век, рече во говорот Милибанд, ги видовме опасностите на таканаречената „бенигна негрижа" за процесите, и решени сме, додаде тој, тоа да не се повтори.

Според него, иднината за сите земји од Западниот Балкан е во Европската унија.

Тоа важи, како што рече, за Хрватска која треба да се приклучи наскоро и за Македонија која треба да почне преговори. Но тоа според него, важи и за останатите земји, вклучувајќи ја и Босна и Херцеговина.

Милибанд рече дека европската скепса кон идното членство на Турција е резултат на, како што рече, застарени погледи кон таа земја.

Ако Унијата сака повеќе од само еден извор на енергија од исток, додаде тој, „тогаш Турција е од витално значење за Унијата".

Милибанд, критикувајќи ги британските Конзервативци, во Институтот рече дека цврстата надворешна политика на Унијата е и британски национален интерес.

Тој воедно ја поддржа кандидатурата на Тони Блер за иден претседател на Советот на Европската унија.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност