|
ЕУ критики за законот за енергија
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владата на Македонија предложи Акциски план за справување со забелешките од Европската енергетска заедница.
Меѓу другото таа сугерира дека треба да се промени Законот за енергетика, бара либерализација на енергетскиот пазар, а има забелешки и на Правилникот за определување на цената на струјата. Измените, според најавите, пред пратениците ќе се најдат кон средината на наредната година. Но, на што се должат критиките на ЕЕЗ, ако се земе предвид дека актуелниот закон е донесен септември минатата година? Владата во Македонија го усвои Акцискиот план за измена на регулативите кои што се однесуваат на пазарот на енергетиката, онака како што препорача и Европската енергетска заедница. Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека до средината на следната година, кога е ставен рок за измена на законот, ќе се бара модел кој што ќе обезбеди слободен пазар за стрија и гас, закон кој што ќе обезбеди еднакви права на учесниците на пазарот, како и поголема независност на регулаторната комисија: -„Ова се главните работи кои што треба да се направат, да се вметнат во легислативата, и сега во текот на акцискиот план ќе се дефинираат работите попрецизно.“ Новиот Закон за енергетика во Македонија беше донесен септември минатата година. Горан Ризаов, новинар од весникот „Дневник“ кој ги следи состојбите со пазарот на енергетиката, вели дека ЕЕЗ препознала големи слабости кај новиот се’ уште актуелен закон за енергетика во однос на либерализација на пазарот, односно со него и’ се даваат поголеми права на државната компанија Електрани на Македонија. -„Самата енергетска заедница има забелешка на пресметка на цената на струјата, односно се бара да биде трошковно рефлективна – трошоците за набавка на струјата да влијаат на цената на струјата.“ Критика од Европа има и кон независноста на регулаторната комисија и методологијата за пресметката на загубите при транспорт на струјата, па се покриваат само 11% од вкупната загуба. Тука се собираат техничката загуба која што е неминовна, но и комерцијалната, односно струјата која се’ уште се краде во Македонија.
Вкупните загуби на годишно ниво изнесуваат околу 50 милиони евра: -„Тоа значеше не дуплирање, туку триплирање на трошоците на ЕВН и триплирање на приходите на ЕЛЕМ. ЕВН таа струја ја плаќа на ЕЛЕМ, па ЕЕЗ порача дека ако се сака поскапа струја, направете таа да биде поскапа за сите“, додава Ризаов. Опозицијата пак посочува дека треба да се внимава при усогласување на елементите на либерализацијата на енергетскиот пазар: -„Тоа е особено значајно за да не се случи дел од домашните капацитети да се претворат во зони кои што ќе можат неконтролирано да увезуваат струја и со тоа да влијаат на условите на пазарот“, вели Леонид Наков од Социјал-демократскиот сојуз. Министерот Фатмир Бесими вели дека сега целиот предлог, односно Акциски план, ќе поминува низ низа јавни дебати и разгледувања од стручната јавност за да не се случи повторно да се направат грешки: -„Сега пристапивме кон акциски план, за да ги земеме предвид сите работи, да не се оди на решение па да се корегираат работите. Подобро е вака: да се има еден план што се сака да се постигне, а потоа во текот на имплементацијата да се дефинира како тоа да се изведе, како би било најдобро за Македонија и притоа се’ да биде во согласност со Европската унија.“ Со деталното разгледување и коригирање на забелешките, со дебатите и со ангажман на пошироката стручна јавност, би било реално да се очекува овој пат, Законот за енергетика да мине без забелешки. Ниту од домашната, ниту од европската енергетска заедница. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Услови за енергетска либерализација 07 Август, 2009 | Вести
Брисел задоволен од законот за енергија01 Февруари, 2008 | Вести
Цената на струјата во Македонија09 Јануари, 2008 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||