|
Вински бренд за меѓународен пазар
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сојузот на стопански комори на Македонија формираше Групација за производство на вино чија главна цел е создавање македонски
бренд на вино кој би се промовирал на меѓународниот пазар.
Сојузот на стопански комори ги свика на едно место винарските визби и им предложи да формираат Групација која ќе ги застапува нивните интереси. Сојузот предвидува групацијата на вино-произведувачи да формира македонски вински бренд, да го промовира македонското вино на странскиот пазар, да помогне во воведувањето на современите начини на производство и да промовира вински туризам по европски терк. Но, винарските визби се сомневаат дека Групација ќе успее да се организира посериозно заради поделеноста меѓу еснафот која се покажа и на денешниот прв, иницијативен состанок на Групацијата. Дивна Јорданова, претставник на винаријата „Чекорови“ вели: -„Ја поздравувам секоја иницијатива и и’ посакувам успех, иако сметам дека разединувањето и формирање на разно-разни групации во рамките на еден ист сектор не е добро. Секогаш е најдобро најголем дел од луѓето да се соберат и да функционираат заеднички отколку неколку групи од по 10-на или 20 луѓе да функционираат поединечно. Но, бидејќи се работи за Сојуз на комори, се надевам дека ќе функционираат како чадор-организација која ќе соработува со сите што се активни во овој дел.“ За разлика од пред неколку години кога винариите има големи амбиции и сакаа да се промовираат само во луксузни продавници, сега приоритетите се изменети.
Јорданова вели дека Македонија има квалитетно вино кое може да биде конкурентно на европскиот пазар: -„Ситуацијата денес е многу поразлична од онаа пред 15 години, многу приватни винарии во меѓувреме работеа на подобрување на квалитетот, стекнаа искуства и наградите кои ги добиваат на бројните саеми сведочат дека квалитетот ни е добар. Меѓутоа имаме проблем, немаме бренд, прво како држава и потоа како македонско вино. Мора да се работи во тој дел.“ Претседател на Групацијата на винопроизводители е Илија Малинковски од винаријата „Камник“ кој ги објаснува приоритетите на здружението: -„Организирано застапување на вино-производителите на меѓународните пазари и пред институциите на системот во нашата држава.“ Сега, откако се формираше, Групацијата ќе треба да направи стратегија по која ќе работи за да ги оствари интересите на винариите. Македонското вино се’ уште го нема на поширокиот европски пазар. Стручњаците велат дека причина за ова не е во квалитетот на домашното вино туку во слабата промоција и неорганизираноста на винарските визби. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
По тиквешкиот „вински пат“12 Октомври, 2009 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||