|
Грифин учествуваше во дебатата на БиБиСи
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Во телевизиското студио на БиБиСи сношти се одржа контроверзна дебата и покрај големите протести околу поканата до Ник Грифин,
лидерот на крајно десната Британска национална партија.
Во еден момент, демонстрантите навлегоа во зградата со студијата но потоа беа извлечени надвор и шестмина се уапсени. Во самата емисија, Грифин одрече дека е нацист и рече дека неговите погледи ги делат милиони. Тој беше остро нападнат од другите гости и публиката за политиката на неговата партија, како доброволно враќање на граѓаните кои не се белци, и за неговите изјави со кои го негира холокаустот. Претставник на БиБиСи рече дека компанијата има должност да биде непристрасна и дека било соодветно Грифин да се соочи со остро испрашување. Силно обезбедување претходно беше поставено околу зградата на телевизискиот центар на БиБиСи во западен Лондон, поради појавувањето на Грифин, за снимање на емисијата „Време за прашања". Анти-фашистичките активисти ја опкружија зградата, иако генералниот директор на БиБиСи Марк Томпсон, во текст во денешен „Гардијан“, вели дека гледачите имаат право да ги слушнат сите перспективи од политичкиот живот. А решението да не се кани БНП - би било цензура! Одлуката на БиБиСи да му дозволи на лидерот на БНП, Ник Грифин, да се појави во една од телевизиските програми, предизвика жешка дебата во Британија. Еден владин министер се согласи во програма да влезе во битка со лидерот на десницата, но еден друг, секретарот за Велс, Питер Хејн, рече дека поканата од БиБиСи „смрди". Односно дека партијата која е против „муслиманите, Евреите и црнците" не би требало да се третира како почитувана организација. Пратеничката од владејачките Лабуристи, Дајан Абот, објаснува зошто верува дека емисијата „Време за прашања" е лошо место за предизвукување на Ник Грифин:
-„Прв пат во оваа емисија се појавив пред 22 години. Луѓето навистина беа задоволни. Не се сеќаваат што реков, но видоа млада црна жена и сметаа дека и црните луѓе стануваат дела од главните текови. Таков ефект ќе има и вечерашнава ’Време за прашања’. Луѓето нема да слушаат во детали што Грифин ќе каже. Но она што БиБиСи го вели е дека ние прифаќаме оти насилниот фашизам е на некој начин дел од главните политички текови. Тоа е она што е погрешно со неговото учество“, вели Абот. БиБиСи пак вели дека нема алтернатива: БНП е законска партија која има двајца пратеници во Европскиот парламент. Заменикот генерален директор Марк Бајфорд вели дека да се одбие учеството на Грифин - ќе биде цензура: -„И тие имаат право да бидат слушнати, да бидат предизвикани. А публиката која учествува во емисијата, како и гледачите во земјата треба самите да стекнат свој став околу гледиштата на БНП.“ Околу 400 луѓе меѓу кои и поп-ѕвезди, писатели и синдикалци синоќа се приклучија во протестот против емисијата БиБиСи, а се очекува протестот да биде поброен. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||