Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 16. Септември 2009 - Објавено на 07:59 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Промовирана „Македонска енциклопедија“
 
Собрана историја на македонскиот народ
Собрана историја на македонскиот народ
Македонската академија на науките и уметностите денеска ја промовира првата Македонска енциклопедија.

Во неа се наведени над 9.000 одредници за личности, појави, настани.

Уредникот, академик Блаже Ристовски вели дека се работи за сублимација на милениумскиот развој на земјата.

Првата македонска енциклопедија се појавува 18 години по осамостојувањето на државата, но и 55 години по Втората светска војна, кога официјално, во рамките на тогашната југословенска заедница, се издвојува посебноста на македонскиот јазик, народ и култура.

Но ова дело се појавува и во период кога државата, низ преговори под закрила на ОН, се бори да го задржи она што го смета за нејзино - уставното име и културната и јазична култура.

Ова време е вистинско за објавување на енциклопедијата, рече Академик Гане Тодоровски.

-„Објавувањето на Енциклопедијата, првпат во името на национална и престижна државна институција, ќе успее троа од троа да ги смири инертните наши непромислени противења и традиционални противници, на кои сме им до денов денешен трн во окото."

При изготвувањето на енциклопедијата членовите на Македонската академија на науките и уметностите велат дека се почитувани фактите и дека таа содржи аргументи за легитимитетот на Македонија.

Редакторот на енциклопедијата, академик Блаже Ристевски, наведува какви податоци содржи Енциклопедијата.

-„Од најстариод период, од античкото време, од оној период за кој има податоци поврзани со Македонија. Така што не одевме да одбираме периоди, ниту настани, ниту личности туку се’ што беше позначајно да го регистрираме во овие корици.“

Во неа има и податоци за контроверзни личности од минатото и сегашноста на Македонија.

Академик Владо Камбовски пак за БиБиСи вели дека секое научно дело може да предизвика научни реакции, стојалишта - добронамерната критика е секогаш оправдана, но...

-„...а ако се работи за критики од друг вид или ако се мотивирани со идеолошки, политички или други мотиви, тогаш не може да се воспостави никаква кореспонденција, тогаш науката не може да кореспондира со идеолошки и други политички стојалишта. Ако ги има такви во нашата околина едноставно, но научните аргументи се секогаш посилни од било кој политички или идеолошки аргумент."

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>