Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 17. Јули 2009 - Објавено на 08:06 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Петок, 17 јули
 
Македонски пасоши и лични карти
ВРЕМЕ на насловната страница пишува дека „Пасошот ќе добие на цена“ велејќи дека по одлуката на Европската унија, интересот за македонската патна исправа ќе се зголеми.

Весникот пренесува стручни мислења дека укинувањето на визите ќе предизвика наплив на Косовци кои ќе бараат македонско државјанство за да можат слободно да патуваат во европските земји.

Од МВР не ја исклучуваат можноста да се зголеми интересот за добивање македонски пасош, но велат дека државјанство нема да добие ниту едно лице што не ги исполнува законските услови.

ДНЕВНИК вели дека по веста за укинување на визите никој не бара бугарски пасоши.

Политичките аналитичари велат дека со ова се потврдува оти македонските граѓани барале бугарски пасоши од економски причини.

Собрание

УТРИНСКИ објавува дека законот за Собрание го помина првото читање само со гласовите на владејачкото мнозинство иако овој закон е услов да се добие позитивен извештај од Европската комисија.

НОВА МАКЕДОНИЈА вели дека се намалуваат даночните приходи во буџетот.

Весникот додава дека Владата ги промашила проекциите за приливот на даноци и во вториот квартал има речиси 4% помалку средства од планираното.

ЛАЈМ пишува за незастапеноста на кадар од албанска етничка припадност во министерството за надворешни работи.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>