Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 14. Јули 2009 - Објавено на 15:50 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Солана очекува брзи европски реформи
 
Хавиер Солана
Хавиер Солана
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана во Скопје допатува со добри вести за визната либерализација и со очекувања за завршување на реформите потребни за отпочнување преговорите за европска интеграција.

Хавиер Солана во Македонија дојде со убедување дека деновиве ќе се чуе убава вест околу одлуката за визното ослободување.

-„Либерализација ќе биде решена и се надевам во следните денови ќе слушнете добри вести", додава Солана.

Тој ја најави и скорешната посета на европскиот комесар за проширување Оли Рен, кој што, според Солана, ќе ги пренесе и техничките детали околу одлуката за ослободување од визите.

И Рен, како и Солана, човекот кој што, како што го нарече премиерот Никога Груевски, секогаш и помагал на Македонија и на регионот, на есен ќе ги напуштат функциите.

Околу определување на датум за почнување на преговорите, тој вели дека не може сега да го каже времето, но може да ги пренесе волјата и почитта кон сработеното.

Неодминлива тема е отворениот спор што државата го има со Грција, а Солана смета дека последните посети и разговори на посредникот Метју Нимиц се добра можност, и го посоветувал премиерот Груевски да не се испушти шансата.

Постои волја, и не би требало да се затворат оциите, додава Солана.

Европскиот комесар во скопје допатува од Белград, а планирана е и посета на Црна Гора, државите за кои би требало да падне шенгенската пречка, со што се покажува и вниманието на Унијата кон Западниот Балкан.

Солана 10 години беше висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, а најави дека нема намера да се кандидира и по трет пат да ја извршува таа функција.

Тој често беше гостин во Македонија, и за добро но и во кризните моменти, а денеска допатува да ја пренесе желбата за брзо доисполнување на поставените критериуми за почнување преговори за македонска евро-интеграција, пред се’ спроведување на веќе донесените закони.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>