Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на:
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
„Спорен начинот на смени“
 
Владо Бучковски
За опозицијата е спорна нетранспарентност
За денеска е закажана седница на македонското Собрание, на која владата треба да ги образложи оставките и смените на тројца министри и други нејзини високи функционери.

Пратениците ќе ги чујат и предлозите за нови министри.

Се очекува најголемата опозициска пратеничка група, онаа на Социјал-демократскиот сојуз да употреби тешка артилерија во критиките на најновите потези на премиерот Никола Груевски.

Владо Бучковски е пратеник на СДСМ и поранешен премиер.

„Очигледно е дека проблемите што ги има Владата на Република Македонија не се заради кадровските решенија на ниво на министри. Нашата констатација е дека погрешната политика која е персонификација на владеењето на Груевски е причината зошто Република Македонија се доведе во ваква исклучително комплицирана позиција во еден исклучително сензитивен момент, кога очекуваме до крајот на месец септември да го имаме извештајот за напредокот кон Европската Унија".

БиБиСи: Но веројатно не е спорно тоа што еден премиер менува некои од свои министри. Истото го правеле и премиери од вашата партија.

„Спорен е начинот на кој сето тоа се прави.Се гледа дека еден потпретседател на владата е во егзил, неговиот прв човек, државниот секретар кога рече дека не е проблемот во Боцевски, туку е проблемот што Македонија треба да има премиер кој ќе биде одговорен за евро-интеграциите, создаде една мачна атмосфера дека една влада, која потроши, веројатно во овие три години близу сто милиони евра за транспарентноста и за јавноста, последните 15 дена не може да го извади премиерот и да и објасни на македонската јавност што се случува."

БиБиСи: Ќе ги напаѓате ли неговите предлози за нови министри?

„Мислам дека е ирелевантно кој доаѓа на местото на Боцевски, на Спасеновски, па дури на местото на Стојановски. Не е сеедно кој доаѓа на местот на министерот Славевски, затоа што е очигледно дека во министерството за финансии, според сето она што се случуваше во изминатите неколку години, е клучот на начинот на кој владее Груевски. Ние сметаме дека заминувањето на Трајко Славевски всушност ќе ја отвори целата приказна за владеењето на Никола Груевски", вели Владо Бучковски, пратеник на опозицискиот СДСМ и поранешен премиер.

Претставници на владечката ВМРО-ДПМНЕ вчера и утрово не беа достапни за коментар.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>