Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 10. Јули 2009 - Објавено на 15:38 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Груевски бара поефикасни финансии
 
Сменетиот министер за финансии Трајко Славевски
Македонскиот парламент расправа по новите предлози за министри при реконструкцијата на владата.

Министерот во заминување Трајко Славевски од пратениците повика на итен ребаланс на Буџетот, а економски и правни експерти очекуваат дополнителни економски проблеми но и нови владини реструктуирања за да им се излезе пресрет.

Министерот во заминување Трајко Славевски пред пратениците обелодени дека по втор пат неделава поднел предлог до владата за итен ребаланс односно до крајот на месецот тој да се намали за 100 милиони евра.

-„Поддржете го премиерот во тоа, не чекајте до септември, нека биде тоа на итна седница, да го сторите тоа до крајот на овој месец затоа што онаа сигурност која што сега ја обезбедивме ќе ја немаме во септември“, побара Славевски во своето обраќање од пратениците.

Овој апел на Славевски ја разви дискусијата во парламентот околу измените на владиниот кабинет особено откако Славевски го нарече неуверливо образложението на премиерот за неговата смена.

Според премиерот Груевски потребна е зголемена ефикасност и координираност на министерството.

Опозицијата на седницата побара одговорност не само од Славевски, чии што проекти, како што рекоа само ја влошиле економската состојба, туку одговорноста ја побара од целата Влада заради нејзината политика.

Игор Ивановски говорејќи од името на Социјалдемократскиот Сојуз на македонија се обрати до премиерот Груевски.

-„А вие господине Груевски треба да одговарате заедно со Славевски бидејќи ресорот финансии е под директна контрола на премиерот на Република Македонија.“

Бизнис аналитичарот Кирил Колемишевски зад апелот за итен ребаланс на буџетот гледа опасност која што следи при полнењето на државната каса.

-„Тоа е многу храбра изјава, особено во делот кој што се однесува дека во септември ќе ја немаме оваа стабилност. Би напоменал дека издадената обврзница од 175 милиони евра ќе се потроши за тековни трошоци - односно плати, а приливите на државата во јули и во август во делот на даноците ќе бидат многу мали. По правило секоја година приходите тие месеци од данок на добивка и данокот на додадена вредност се многу помали во споредба со другите месеци.“

Деканот на правниот факултет при ФОН Ѓорѓи Тоновски, на прашање дали може со оваа реконструкција да се очекува нов владин приод кон економската криза.

За него овие смени во кабинетот се само навестување:

-„Со ова не се задоволени барањата за реконструкција која што би значела внесување на нов квалитет во функционирањето на власта. Есента повторно ќе мора да се постави со целата жестина за функционирањето на стопанството. Дури и обвие странични потези, да ги наречам реконструктивни, мора да се врзуваат за проблемот на економската криза или економската ситуација.“

Освен за министерската фотеља во финансиите, пратениците на крајот од оваа расправа ќе треба да се изјаснат и за испразнетите места за министри во Образованието, земјоделието, како и за вицепремиери за евро-интеграции и економија.

Европската унија вчера повика за побрз избор на новиот кабинет, за да може да се продолжи со неопходните реформи во пресрет на извештајот на Европската комисија за напредувањето на државата.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>