Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 09. Јули 2009 - Објавено на 07:17 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Опозицијата реагира на владините смени
 
Никола Груевски со неговиот досегашен кабинет
Премиерот Груевски не го објаснува бранот оставки и смени
Откако македонската влада преку својот портпарол, вчера ги објави оставките и смените на неколку министри и други високи функционери,
реагираше опозицијата.

Андреј Петров од СДСМ вели дека е „ирелевантно кој министер ќе поднесе оставка или кој министер ќе дојде на негово место, оти очигледно станува збор за погрешна политика на владата“.

„Во едно нормално демократско општество во демократски услови ова е знак на тревога дека во државата нешто крупно се случува, дека има сериозни проблеми, вели Тито Петковски од НСДП.

Флора Кадриу од Нова Демократија вели дека „секојдневните оставки кои доаѓаат од министрите нво владата на оваа влада само укажуваат дека состојбата е алармантна во самата владина коалиција“.

„Освежување“

„Македонската влада се освежува“- вака владиниот портпарол Мартин Мартиновски ги објаснува денешните оставки и смени на министри и други високи функционери:

-„Никола Тодоров ќе биде предложен за нов министер за образование и наука, Владо Пешевски ќе биде вицепремиер за економија, Зоран Ставревски ќе биде министер за финансии и исто така потпретседател за економија, Љубчо Димовски ќе биде нов министер за земјоделство, Перица Ивановски ќе биде негов заменик, а Васко Наумовски ќе биде новиот вице-премиер за евроинтеграции", соопшти владиниот портпарол Мартин Мартиновски.

Министерот за финансии Трајко Славевски е сменет, додека министерот за образование Перо Стојановски и министерот за земјоделство Ацо Спасеновски поднесоа оставки.

Се повлекоа и заменикот на Спасеновски, како и генералниот секретар на владата Стојан Тодоров.

Без објаснувања

Никој не објасни зошто е сменет министерот Славевски, кој во последно време беше критикуван поради високиот буџетски дефицит и намалувањето на девизните резерви, поради што македонската влада издаде неколку серии државни обврзници.

Минатата недела, кога неговото име беше споменувано како дел од бранот смени, Славевски рече дека тоа е „еднакво е на она што некои телевизии го објавија за исчезнувањето на Анџелина Џоли".

Министерот за образование Перо Стојановски пак се соочи со паѓање на неколку проекти пред Уставниот суд, како што беше изборното верско образование во основните училишта и екстерното оценување.

Неодамна оставка поднесе и потпретседателот на владата Ивица Боцевски, кој беше одговорен за европските интеграции на земјата. Тогаш тој рече дека „неговиот ангажман во оваа влада е исцрпен."

Ова е прв бран на оставки или смени во кабинетот на Никола Груевски, по формирањето на неговата прва влада во 2006, односно по второто освојување на власта на вонредните избори минатата година.

Опозицискиот СДСМ коментираше дека е ирелевантно кој министер ќе поднесе оставка и кој министер ќе дојде на негово место „бидејќи очигледно е дека станува збор за погрешна политика на Владата", рече Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ.

Новинарот Слободан Чашуле очекува многу скоро премиерот јавно да соопшти, како што вели, „дали конците се’ уште му се в рака".

Трајко Славевски
Славевски е единствениот сменет

Тој објасни до каде може да оди премиерот Груевски со смените:

-„Ако оди со целосна реконструкција со над 7 сменети министери, тогаш пак ќе мора да преговара, а тогаш ДУИ ќе се најде под притисок на екстремизмот на ДПА, ќе бара од владата нови концесии, што ќе отвори нови затегнатости, па мислам дека премиерот ќе запре тука, на линијата до седум министри."

На ова освежување, како што го нарекува владата, претходеше оставката на вицепремиерт за евроинтеграции Ивица Боцевски. Тој повлекувањето го објасни со исцрпеноста на неговиот капацитет.

Околности

Смените и оставките во владата следат на неколку дена пред очекуваната препорака на Европската комисија за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора.

На есен се очекува и извештајот на Европската комисија во кој ќе се каже дали Македонија заслужува да добие датум за почеток на преговорите за нејзино зачленување во ЕУ.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>