BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 02. Јули 2009 - Објавено на 16:01 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Португалија без казни за дрогирањето
 
Корисник на дрога
Корисник на дрога
Пред осум години, Португалија го смени законот така што поседувањето или користењето дрога веќе не е кривично дело.

Се стравуваше дека тоа ќе ја претвори земјата во рај за нарко туризам.

Но, бројот на зависници паѓа, а оние кои се лекуваат се побројни.

Марија ми беше претставена на крајот од светот.

Областа крај Лисабон каде што таа живее стекна углед на место полно со дрога.

Дневен ритуал

Под шаторот од ќебиња на стрмиот брег, опколен со употребени шприцеви, таа ја одвитка фолијата и почна со дневиот ритуал.

Женава вдишува хероин.

Тоа во поголемиот дел од светот е кривично дело, но во Португалија таа нема да биде испратена в затвор за тоа.

На први јули 2001-та Португалија реши дека купувањето, поседувањето и користењето дроги кои до тогаш беа забранети, веќе нема да биде кривично дело.

Наместо полицијата да ги апси корисниците, полицијата, здравствените и социјални работници ги собираат остатоците од користењето хероин.

Паола Андраде вели дека по воведувањето на новиот закон, нејзиниот тим драматично ја намалил стапката на смртни случи и заразени од СИДА.

„Ако ги криминализираме корисниците, тие ќе бидат уплашени да соработуваат со нас. Сега соработуваме".

Дрога
Дрога

Многумина стравуваа од катастрофа, дека авиони полни со нарко зависници ќе слетаат во Португалија, знаејќи дека нема да бидат судени.

Но тоа не случи.

Според официјалните бројки, потрошувачката на дрога е намалена за десет проценти.

Статистиката покажа и намалена употреба на дрога меѓу тинејџерите.

Центри за помош

Брендан Хјуз е од Европскиот центар за дроги и зависност од дроги со седиште во Лисабон.

„Шверцот на дрога останува сериозно кривично дело. Португалија не ја легализираше дрогата, но луѓето фатени со незаконски супстанции за лична употреба се испраќаат во локалниот центар за помош.“

Овој е најпосетениот во Португалија.

Панел експерти сочинет од социјални и правни застапници, можат да изречат парична казна, но овдешниот корисник е зависник, поради што не може да биде казнет парично.

Но комесарот Нуно Капаз ќе понуди лекување и суспензија на другите казни.

„Се обидуваме да ги убедиме луѓето да не користат дрога. Не им забрануваме, но им укажуваме на штетите од употребата на дрога, така што можеби ќе донесат посвесна одлука околу ова".

Но некои зависници се уште се сомничави дека де-криминализацијата ги подобри нештата.

Еден корисник на хероин во лисабонскиот центар за лекување вели:

„Ако не е кривично дело, ќе продолжат со користењето се додека не паднат и не умрат".

Корисниците на хероин се редат за да ја добијат дозата метадон.

Околу десет илјади луѓе се лекуваат од хероинска зависност.

Португалската влада е горда со политиката кон наркотиците - премиерот вели дека резултатите се убедливи, а филозофијата популарна.

Некои оспоруваат аспекти на системот, но португалскиот контроверзен експеримент покажа дека небото нема да падне, доколку употребата на дрога не биде кривично дело.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност