Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 27. Февруари 2009 - Објавено на 07:09 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Вилинско ракче крај Прилеп
 
Прилеп, Локви, ракчиња
Се вели дека ракчињата се ендемски
Таканареченото „вилинско ракче", за кое се вели дека е реликтен ендемски вид, неодамна е откриено во локалитетот Локва, крај Прилеп.

Локални научниците велат дека се работи за загрозен вид, кој опстојувал само во Локва.

Дедо Сотир од Големо Коњари, со својот бастун покажува во насока на локалитетот Локва, оддалечен два километра од селото.

Вели дека таму во барите на пролет има безброј ракчиња, но мештаните ниту знаеле ниту претпоставувале дека нив ги има само тука.

„Како млад тука ја пасев стоката. Кој знаел дека такви ракчиња имало?! Кого го интересирало? Инаку, тоа таму е мочуриште и има два три вира поголеми", вели тој.

Заштита

Дождовни локви расфрлани на необработлива засолена почва која се користи како пасишта лоцирани во близина на селото Големо Коњари, прилепско, го сочинуваат локалитетот соодветно наречен „Локва".

Тој е остаток од некогашното пространо Пелагониско блато и изобилува со уникатна ендемична фауна, меѓу кои најзначајно е „вилинското ракче", вели координаторот на проектот за заштита на локалитетот, Гоце Бумбароски:

-„Станува збор за самовилско ракче ’Chirosephalus pelagonicus’ кој што живее, се наоѓа на локалитетот 'Локви' и е единствено во светот. Но месното население често пати ја обработува земјата, со што се уништуваат тие животинчиња. Сакам најпрво да се заштити тој локалитет за строг природен резерват.“

Согледувајќи ги научните истражувања и државата реши да покрене постапка за заштити на овој локалитет како природна реткост.

„Тоа се препораки од ЕУ. Како ние тоа ќе го направиме е наша национална задача", вели Сашо Јорданов од Министерството за животна средина.

Резерватот се простира на 25 хектари, а карактеристично е и тоа што водата е солена поради почвата.

Македонија, Прилеп, локалитет Локви

-„Кога ќе фати сонце, земјата како со сол да е побелена и овците ја лижеа. Ракчињата се големина два сантими и тие со раце се фаќаат. Водата кога намалува може да ги видите во поголем број“.

Намери

Барите во лето се сушат, но вилинското ракче опстојува, раскажуваат тие. Со заштитата на ракчето, жителите се надеваат дека со овој резерват ќе можат да го развијат и селскиот туризам.

-„Со заштитата на овој локалитет ќе го понудиме да влези во туристичката карта на градот Прилеп", најави и прилепскиот градоначалник.

Освен вилинското ракче, во трите бари на локалитетот Локви се евидентирани уште 50 други животински видови од кои 16 се регистрирани во европската книга на природни реткости.

Околу 7% од територијата на Македонија е под режим на заштитени подрачја и претендира да ја достигне европската норма од околу 12%.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>