Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 27. Јануари 2009 - Објавено на 08:24 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Љубомир Фрчкоски е кандидатот на СДСМ
 
Љубомир Фрчкоски
Најголемата опозициска партија во Македонија, СДСМ, на својот синоќешен собир го избра професорот Љубомир Фрчковски за претседателски кандидат на изборите кои ќе се одржат на 22 март.

Гласањето било јавно, а на изборот кој траел неполн час гласале 700 партиски делегати.

Прифаќајќи ја кандидатурата, професорот Фрчковски рече дека Македонија доживеа назадување и срамна изолација:

-„Треба да го запреме одот на Македонија кон еднопартиска диктатура. Ние имаме сила да го сториме тоа. Македонците имаат идентитет. Нас не ни треба ново кодирање на кодот на Македонците. Ние сме Македонци - не сме Македоноиди. Десловенизацијата нема да помине. Ние нема да се откажеме од Кирил и Методиј, од Климент и Наум. Сакам да ве замолам да водиме кампања за претседателски избори заснована на поинакви вредности од постојаното перење на мозокот на кој сме изложени од Власта и нивните политички кампањи."

Зад кандидатурата на Фрчкоски застана и опозициската НСДП.

Така, во претседателската трка официјално влегоа професорите Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчковски како претставници на најголемите, според гласачкото тело, партии во Македонија.

Главни кандидати

При промовирањето и за двајцата кандидати се вели дека се универзитетски професори кои се избрани како „непартиски кандидати".

Ризван Сулејмани, директорот на Институтот за политички и интеркултурни студии ги анализира позициите на двајцата кандидати.

Сулејмани вели дека двајцата се јасно профилирани околу клучните прашања за Македонија, спорот за името кој државата го има со Грција и НАТО интеграциите.

-„Ако професорот Ѓорѓе Иванов јасно се идентификува со една политика која е многу блиску до владеачката партија, до ВМРО ДПМНЕ, Љубомир Фрчковски веќе подолго време со неговите јавни појави укажува на нешто друго, фактички еден поинаков став за името и евроинтеграциите. Така што овие два става, два профила имаат два различни концепти што е добро во политичката битка, главно затоа што граѓаните лесно можат да препознаат една или втора опција".

БиБиСи: Зошто се бараат кадри кои не се партиски членови?

-„Тие, нели, направија „султан"-партии, или партии во кои целата моќ е концентрирана во еден човек, а таа создаде лојални партијци, но не квалитетни партијци кои имаат некое име како индивидуа. И затоа тие бараат спас во некои луѓе кои се надвор од нивниот ’пул’, зошто во нивниот ’пул’ капацитетот е скромен на индивидуалци или - ги уништија индивидуалците!"

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>