Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 15. Јануари 2009 - Објавено на 11:34 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Во Египет се бара крај на борбите во Газа
 
Газа
Една од многуте палестински мајки во Газа
Главниот израелски преговарач, Амос Гилад, оди во Каиро каде што претставници на милитантната група „Хамас“ разговараа со египетски посредници.

Портпаролот на израелската влада, Марк Регев, изјави дека разговорите околу можен прекин на борбите во Газа се забрзуваат.

Претходно и „Хамас“ соопшти дека преговорите напредуваат, без повеќе детали.

Критики до Израел

Високи претставници на Обединетите нации и натаму го критикуваат Израел поради третманот на палестинските цивили за време на нападите во Газа.

Ричард Фолк, специјалниот известувач на организацијата, го обвини Израел за суровост, затоа што не им дозволува на цивилите да побегнат од војната како бегалци.

Шефот за хуманитарни прашања на Обединетите нации, Џон Холмс, додаде дека и покрај изјавите дека се обидува да одбегне цивилни жртви, Израел тоа воопшто не го прави.

Според палестински медицински извори, бројот на загинати Палестинци премина 1000, меѓу кои 320 деца.

На израелска страна убиени се 19 луѓе.

Напори на ОН

Вчера генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун вети дека ќе ги удвои своите напори за да обезбеди долготрајно и одржливо примирје во Газа.

Говорејќи во Каиро на почетокот од посетата на регионот, тој изрази надеж дека египетската дипломатска инцијатива ќе покаже резултати што е можно поскоро.

Египет соопшти дека разгледува различни предлози со делегацијата на групата „Хамас".

Дописникот на БиБиСи јавува дека надежите се за спогодба која ќе доведе до тоа Израел да ги отвори граничните премини за дотур на потребната хуманитарна помош во Газа.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>