Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 12. Јануари 2009 - Објавено на 17:25 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Израел напредува во Газа
 
Тенкови на израелската граница
Тенкови на израелската граница
Израел ги продолжи воздушните и копнени напади во појасот Газа, полека напредувајќи во најнаселените делови од областа.

Од источните делови на градот Газа забележан е црн чад, а се јавува и за престрелки меѓу израелските војници и палестинските милитанти.

Израелски воен портпарол рече дека нивните трупи напредуваат во урбани населби, затоа што таму најчесто се кријат герилците на „Хамас“.

Милитантните групи во Газа продолжија да стрелаат ракети кон јужен Израел.

Претходно, армијата соопшти дека преку ноќта извела 12 воздушни напади.

Офанзивата влезе во третата недела и за прв пат од почетокот во акциите се вклучени воени резервисти.

Израелски воен портпарол изјави дека целта на регрутирањето е да се одржи опфатноста на операцијата против милитантите на „Хамас“.

Локални медицински претставници велат дека од почетокот на акциите низ појасот, биле убиени речиси 900 луѓе.

Претходно премиерот Ехуд Олмерт рече дека земјата е блиску до постигнување на целта во кампањата, но и дека таа ќе продолжи.

Хуманитарна состојба

Инаку загриженоста за хуманитарната катастрофа расте.

Викендов високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Нави Пилај, изјави дека еден инцидент во кој учествувале израелски војници ги има сите обележја на воено злосторство.

Пилај за БиБиСи тогаш рече дека е многу загрижена за извештај кој вели дека израелската армија спречила амбулантни возила да влегуваат во областа Зајтоун, јужно од Газа Сити.

Таа исто така ги осуди ракетните напади на „Хамас“.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Лично видување
09 Јануари, 2009 | Вести
Часовникот отчукува
09 Јануари, 2009 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>