Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 08. Јануари 2009 - Објавено на 18:04 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
ОН ја прекинува помошта за Газа
 
Помош на UNRWA
Обединетите нации ќе ги прекинат сите испораки за појасот Газа откако еден конвој беше погоден од тенковска граната, при што загинаа две лица.

Портпарол на светската организација рече дека имало неколку напади врз нивни објекти и испораките ќе се прекинат бидејќи не може да се гарантира безбедноста на персоналот.

Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот.

Лекари во Газа велат дека преку 760 лица загинале од почетокот на израелските бомбардирања пред речиси две седмици.

Во меѓувреме, висок израелски претставник е во Каиро на разговори со највисокиот претставник на египетското разузнавање околу планот за примирје, предложен од Египет и Франција.

Со него се бара прекин на огнот, прекин на израелската блокада на Газа но и шверцот на оружје за Палестинците.

Либан

Претходно, либанската влада го осуди испукувањето на четири ракети од југот на земјата кон северен Израел.

Ова се случува прв пат по либанско-израелската војна во 2006 година.

Претставник на израелската армија за БиБиСи изјави дека четири од испуканите ракети стигнале до земја но и дека нема сериозни повреди.

Израелците возвратиле со ракети кон Либан.

Газа

Нападите доаѓаат по една од најинтензивните ноќи на израелската воена активност во Газа од почетокот на офанзивата пред 13 дена.

Еден израелски војник рече дека армијата се прави се’ за да избегне цивилни жртви. „Хамас“ пак тврди дека жртви се цивилите.

Во текот на ноќта во Газа имаше 60 воздушни напади врз цели кои вклучуваа едно складиште за оружје и тунели во близина на египетската граница за кои се верува дека се користени од „Хамас“ за шверц на воени материјали.

Израелската воена офанзива и натаму не покажува знаци на окончување, дипломатските напори за сега не вродија плод.

Претходно висок претставник на Ватикан жестоко ја критикуваше воената операција на Израел во Газа.

Кардиналот Ренато Мартино рече дека Газа сега наликува на концентрационен логор.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>