Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 08. Јануари 2009 - Објавено на 17:47 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Набљудувачи за спорот со гас
 
Прблемите со гасот продолжуваат
Проблемите со гасот продолжуваат
Европската унија вели дека првите набљудувачи на гасоводот кој до Европа треба да пренесува руски гас, веќе стигнале во Украина.

Тие ќе се обидат да го олеснат надминувањето на руско-украинскиот спор поради кој голем дел од Европа останаа без греење.

Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за прекинот.

Екипа од европски и руски набљудувачи треба да востанови дали Русија го испраќа потребното количество гас или пак дали Украина краде дел од него.

Прекинот во снабдувањето со руски гас и натаму ја погодува индустријата но и милиони домаќинства во повеќе од 15 земји во источна и средна Европа.

Ова се случува во момент на најниски температури во овој век, а се смета дека студот е причина за смртта на 30-тина луѓе во последните денови, од кои 10 во Полска.

Меѓу најтешко погодените се Србија и Босна каде што многу домови имаат централно греење од топлани на гас.

Во Сараево, преку 70 илјади домаќинства неколку дена се без греење.

Стотици илјади станови во српската северна покраина Војводина сотанаа без греење, додека во Бугарија десетици училишта беа затворени.

И во Софија и во Братислава велат дека, ако кризата продолжи, повторно ќе ги стават во употреба нуклеарните централи, кои ги затворија поради барањата од Европската унија.

Обидот на Европската унија да го реши спорот - засега немаше успех.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Бугарија со мали резeрви
08 Јануари, 2009 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>