Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 07. Јануари 2009 - Објавено на 17:15 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Последици во Македонија?
 
Скопје
Скопје
Македонија ќе учествува на состанокот на ЕУ со Русија и Украина за надминување на кризата со снабдувањето со природен гас.

Место природниот руски гас, македонските компании заменски користат мазутот, додека „Макстил“ и „11 октомври“ се привремено затворени.

Иако мазутот содржи сулфур се тврди дека тој сега ги задоволува еколошките стандарди.

Македонска делегација ќе присуствува на претстојниот состанок во Брисел меѓу Европската унија, Русија и Украина каде ќе се бара решение за проблемот кој предизвика запирање на испораката на природниот гас од Русија до Европа преку гасоводите низ Украина.

Во меѓувреме, компаниите кои го користеа гасот како енергенс се префрлија на мазут, освен „Макстил“ и „11 октомври“, информираше во разговор за БиБиСи министерот за економија Фатмир Бесими.

-„Кај овие компании се очекуваат економски импликации, бидејќи имаат договори и определени рокови за испорака. Не може да се каже колку од македонското стопанство зависи од гасот, но сепак, се работи за големи импликации бидејќи еве две компании не можат да работат воопшто."

Околу можноста за обештетување, министерот вели дека таа зависи од обврските преземени со договорите и меѓународните конвенции кои што го регулираат транспортот на енергија.

Скопските топлани сега комплетно работат на мазут, кој што како што велат, го имаат во доволни количества.

Сега пак како проблем се јавува загадувањето, за кое алармираат еколошките друштва.

Мазутот, за разлика од природниот гас, содржи сулфур, вели Марија Јанковска од Македонскиот „Зелен центар“:

-„Тоа мора да се мери бидејќи и Топлификација пред извесно време побара да се врати на мазут, но министерството за животна средина не го дозволи тоа токму поради загадувањето."

Сепак, министерот Бесими уверува дека мазутот кој што сега се користи ги задоволува еколошките стандарди.

По прекинот на доставата на природниот гас, Македонија и останатите држави од регионот ќе упатат протесни писма и до Киев и до Москва објаснувајќи ги економските последици.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Македонија со нормален дотек
05 Јануари, 2009 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>