|
Нови министри во владата на Караманлис
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Грчкиот премиер Костас Караманлис направи измени во неговиот кабинет, но го задржа на позицијата министерот за вантрешни работи,
и покрај критиките за тоа како се справуваше со најтешките немири во земјата во последните години.
Владин портпарол рече дека се заменети девет министри. Караманлис беше под притисок да ги тргне луѓето од својот круг - кои се поврзуваа со контроврезната размена на земјиште од која корист имаше еден грчки православен манастир. Непопуларни реформи Највисоката жртва на владината реконструкција е министерот за финансии Јоргос Алогоскуфис. Економистите го сметаа за „фин технократ" кој помогна Грција да се држи со „стегнат ремен" додека се обидуваше да ги исполни критериумите за влез во евро-зоната. Минатата пролет, тој предложи многу непопуларни реформи, но политички остана недопрен. Експертот за Грција, Роберт МекДоналд од „Економист интелиџенс јунит" вели дека стравува оти жртвувањето на Алогоскуфис би можело да значи дека премиерот Караманлис им се предал на популистите и се обидува да се извлече од неволјите. Позицијата во финансискиот сектор сега ќе ја преземе поранешниот помошник Јанис Папатанасиу. Во владиниот кабинет ќе има подмладување - премиерот го унапреди својот пријател Арис Спилтопулос во ресорот на образованието - кој се смета за клучен во справувањето со вознемирената и до некаде милитантната младина во земјата. Самарас - за култура Антонис Самарас, поранешниот грчки министер за надворешни работи, кој еднаш се отцепи од конзервативците за да создаде нова партија, сега станува министер за култура. Единствената промена во министерството за внатрешни работи е заминувањето на Министерот за јавен ред. Малку се очекува дека новиот кабинет ќе биде одобрен од младите во Грција, кои демонстрираа ширум земјата. Смените се отфрлени и од главната опозициска партија, која вели дека тие нема да ги решат проблемите на земјата. Но сепак Караманлис во моментов изгледа решен да продолжи со досегашната функција и покрај тоа што има мнозинство од само едно место во парламентот. Следните редовни избори во Грција треба да се одржат во 2011 година. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||