BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 07. Јануари 2009 - Објавено на 16:28 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Израел по тричасовниот прекин - ги обнови нападите
 
Напади во Газа
Напади во Газа
Израел ги продолжи воените операции во појасот Газа, по тричасовниот прекин, за да се овозможи дистрибуција на основните намирници за луѓето во областа.

Израелски воен портпарол вели дека за тоа време жителите на Газа можат да излезат и да се снабдат со храна и лекови.

Планот е да има вакви паузи секој ден, но Џон Гинг од агенцијата на Обединетите Нации која се грижи за палестинското население - вели дека тоа не е доволно.

Со задача да нахрани преку 700 илјади луѓе, Агенцијата смета дека оваа пауза не е замена за трајно примирје.

Според податоците од палестински и од извори на Обединетите Нации - од почетокот на израелската воена операција во Газа, пред 12 дена, убиени се скоро 670 луѓе.

Израел „во принцип" се согласи со француско-египетскиот предлог за прекин на огнот, подгревајќи ги надежите за крај на судирот со палестинските милитанти во Газа.

„Предизвикот сега е да се дојде до деталите кои ќе се совпаднат со начелата" - изјави израелскиот владин портпарол Марк Регев.

Снабдување за време на примирјето

Палестинската милитантна група Хамас, која ја контролира Газа, вели дека е резервирана кон планот иако додава дека „има позитивни знаци":

Планот, според израелски извори, би вклучил запирање на палестинските ракетни напади и уверување дека милитантното палестинско движење Хамас - не се вооружува наново.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Како да се „скроти“ Хамас?
05 Јануари, 2009 | Вести
Барак Обама и Блискиот исток
02 Јануари, 2009 | Вести
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност