Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 08. Јануари 2009 - Објавено на 08:34 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Москва и Киев под меѓународен притисок
 
Гас нема кога е најстудено
Гас нема кога е најстудено
Во Брисел се одржуваат разговори во обид да се разреши несогласувањето меѓу Украина и Русија, поради кое за повеќе земји беше прекинат доводот на гас.

Во меѓувреме шефовите на компаниите за гас од двете земји, „Газпром“ и „Нафтогаз“ веќе се сретнаа во Москва, што е прв директен контакт меѓу нив од прекинот на снабдувањето.

Двете страни, се јавува, разговарале за начиите на кои може да запре како што ја нарекоа засилената криза.

И Москва и Киев побараа од Европската унија да испрати набљудувачи за да востановат која од земјите е одговорна за кризата.

Русија ја обвини Украина дека краде од гасот кој е наменет за Европа. Киев го негира обвинувањето.

Вчера рускиот премиер Владимир Путин нареди државната енергетска компанија „Газпром“ да го прекине целиот дотур на гас за Украина.

Путин ова му го одобри на извршниот директор на „Гaзпром", Алексеј Милер, за да покаже, како што се вели - дека Украина, а не Русија е таа што е виновна за нарушувањата во Европа.

Москва тврди дека Украина ги блокирала сите четири гасоводи за извоз, додека Украина уверува дека Русија ја запрела испораката.

ЕУ

Чешка, која претседава со Европската унија, предупреди дека организацијата ќе го заостри својот одговор на кризата со гасот - доколку денеска не биде обновено снабдувањето.

Забелешките доаѓаат по средбата на членови на Европската комисија во Прага.

Поостри мерки?

Претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо и неговите колеги вчера беа во студената Прага на разговори на кои доминираа две прашања - хуманитарната криза во Газа и рускиот спор со украина околу природниот гас.

Чешкиот премиер Мирек Тополанек ги предупреди Русија и Украина дека Европската унија ќе преземе поостри мерки.

Поголем дел од средна и источна Европа сега се целосно пресечени од дотекот на руски гас, а неколку други земји прогласија вонредна состојба.

Температурите во овој дел од светот се под нулата.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>