BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 06. Јануари 2009 - Објавено на 08:25 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
„Економијата е многу болна“
 
Барак Обама
Барак Обама
Новоизбраниот за претседател на Соединетите држави, Барак Обама, ја опиша американската економија како „многу болна“ и додаде дека ситуацијата уште се влошува.

Обама рече дека очекува дека најновите податоци за невработеноста во Америка кои ќе бидат објавени кон крајот на неделава, да делуваат отрезнувачки.

Тој разговараше со политичари во Вашингтон за да се најде начин за поттикнување на економијата и отворање нови работни места.

Обама сака американскиот Конгрес да одобри пакет за економско стимулирање вреден стотици милијарди долари.

Тој би вклучил инвестиции во големите јавни институции но и даночни олеснувања.

Криза за автомобилската индустрија

Трите најголеми американски автомобилски компании забележаа најголем пад во годишната продажба, отсликувајќи ја длабочината на кризата со која се соочува автомобилската индустрија.

Продажбата на „Крајслер“ во 2008 беше намалена за околу 30%, додека на „Форд“ и „Џенерал Моторс“ за 20% помалку во однос на 2007.

Американската влада минатиот месец одобри пакет за спас вреден десетици милијарди долари за автомобилската индустрија.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност