BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 06. Јануари 2009 - Објавено на 08:43 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Вторник, 6 јануари
 
Владиката Климент
Во интервју за празничното издание на ВРЕМЕ, хераклејскиот епископ Климент вели дека „занесот од третата чашка топла ракија околу коледарскиот оган, разрешувањето на постот со колбаси на жар и масовното отсуство на утринската Божиќна литургија се логичен производ на големото незнаење и атеизам - присутни во Македонија“.

За Милошевиќ и Бафтировски...

УТРИНСКИ ги пренесува и „хашките приказни“ на поранешниот македонски министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, кој вели дека во затворот во Шевенинген најмногу се дружел со хрватскиот генерал Анте Готовина и косовскиот водач на УЧК, Рамуш Харадинај.

За поранешниот српски претседател Милошевиќ, Бошковски вели дека ги сакал песните на Пепи Бафтировски.

Ќе остане ли ЕВН?

Сите весници во Македонија утринава пишуваат за можноста австриската компанија ЕВН да ја изгуби лиценцата за дистрибуција на струја откако Регулаторната комисија за енергетика ќе го разгледа извештајот на Компанијата за сите дефекти и исклучувања од 10 октомври до крајот на минатата година.

Зградата на ЕВН

УТРИНСКИ ВЕСНИК пишува за реакцијата на Советот за радиодифузија поради директниот пренос и неколкуте репризи на владината седница од 2-ри јануари на Собранискиот канал, што за Советот претставува злоупотреба.

Даноци и влогови

Од економските теми, УТРИНСКИ вели дека во ноември од банките биле повлечени 80 милиони евра, што е двојно повеќе од тој период лани.

ВРЕМЕ ги пренесува статистиките на агенциите за недвижности, дека за 60% е намалена продажбата на станови во Македонија поради финансиската криза.

ВРЕМЕ пишува и дека „се кршат копјата“ околу висината на данокот што пазарџиите треба паушално да го плаќаат на крајот на годината, откако беше одложена фискализацијата на зелените пазари.

Мраз

ДНЕВНИК пишува дека дури 150 скопјани добиле скршеници поради замрзнатите тротоари и улици.

Најчесто страдаат подлактиците, колковите, но меѓу повредите има и скршен нос, пишува ДНЕВНИК.

ВЕСТ ја пренесува приказната на англиската учителка Пипа Коксон која се одлучила да го напушти Оксфорд и веќе неколку години живее во Охрид, каде, како што вели таа, сака и да и’ заврши животот.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност