Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 06. Јануари 2009 - Објавено на 17:22 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Македонија без поголеми последици?
 
Министерот за економија Фатмир Бесими
А поради спорот меѓу Русија и Украина прекин во доставата на гас има и кон Македонија.

Македонскиот вице-премиер за економски прашања, Зоран Ставревски пак вели дека ќе има координиран настап на земјата со државите од соседството во барањето решение за надминување на кризата за природен гас а ќе се реагира и по дипломатски пат.

Но какви последици може да доживее македонското стопанство?

Министерот за економија Фатмир Бесими изјави:

-„Во нашата економија нема да има сериозно влијание имајќи предвид дека Македонија во моментов и така е мал потрошувач на гас, значи само 26 компании користат гас, и тоа околу 170 милиони кубни метри. Меѓутоа имајќи предвид дека сите тие имаат инсталации и за користење на мазут како енергенс, тие можат во рок од 24-48 часа, тие се флексибилни, да се пренасочат да користат мазут. Бидејќи така се приликите на пзаарот, мазутот исто така е економски исплатлив и не очекуваме некои сериозни последици врз нашето стопанство но секако дека на долг рок сметаме дека е важно да има стабилно снабдување со енергенси а во конкретниот случај и со гас.“

Бесими додаде и дека од украинската компанија „Нафтогас" владата добила образложение дека прекинот се должи на недоразбирањата со Русија, проблем кој како што вели министерот може да има и политичка заднина.

Од своја страна, Ратко Манов, директор на „Макпетрол“ во А.Д. ГА-МА, вели дека истекуваат последните количества гас:

-„Следните 5-6 часа дефинитивно и кај нас веќе нема да има можност за корисниците, кои се приклучени на системот, да користат природен гас. Потрошувачите кои што се во можност да преминат на друг енергенс веднаш ќе прејдат но ’Макстил’ не може да се префрли и тој ќе го има најголемиот проблем.“

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>