Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 06. Јануари 2009 - Објавено на 17:24 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Нарушени испораките на руски гас
 
Гасовод близу Киев
Руската енергетска компанија „Газпром" ја обвини Украина дека го затворила и последниот гасовод кон запад на нејзина територија.

Киев го потврди затворањето, но вели дека Русија ги прекинала испораките.

Седум земји од источна Европа јавуваат дека целосно запрел дотекот на руски гас.

Галина Тошева, бугарската заменичка на министерот за енергија, рече дека земјата загубила 100% од испораките на гас.

Во западните земји, Италија, Франција и Германија јавија за намален дотек а Европската унија го нарече прекинот на снабдувањето неприфатлив.

Рускиот енергетски џин „Газпром" рече дека утре ќе ја разгледува кризата со Европската унија но и со Украина.

Спорот се води меѓу двете земји околу цените и неплатените сметки.

Русија ја обвинува Украина дека краде од гасот наменет за Европа, што Украина го негира.

Став на ЕУ

Но кој и да е виновникот, Европската унија вчера од Брисел повика снабдувањето итно да продолжи.

Европската унија се обидуваше да остане на страна од несогласувањата меѓу Русија и Украина околу цената на гасот.

Но откако во неколку нејзини членки воочливо опадна нивото на гас кој што пристигнува низ цевките Унијата излезе со цврста порака.

За Европа, намалувањето на доставата е целосно неприфатливо и Унијата бара испораките веднаш да продолжат.

Сепак, впечаток е дека предупредувањето е искажано внимателно, за да се избегне отворено обвинување на некоја од страните.

Една петина од европските потреби за гас се задоволуваат од Русија, и 80% од тој руски гас минува низ Украина.

Оттаму брзаницата спорот да се разреши итно.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>