BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 06. Јануари 2009 - Објавено на 17:57 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Избор од деловните вести
 
Модел на „Тојота“
Светот се’ уште се бори со последиците од последната глобална економска криза.

Еден од водечките произведувачи на автомобили во светот, „Тојота“, вели дека во февруари и март ќе го запре производството во сите свои јапонски фабрики - за уште 11 дена, откако овој месец не работеше 3 дена, поради голем пад во продажбата.

Во декември компанијата за прв пат јави за оперативна загуба на годишно ниво, по неколку-годишната заработувачка.

И други компании од светската автомобилска индустрија го намалија производството откако пресуши продажбата поради глобалната економска криза.

ХХХХХХХХХХ

Еврото падна во однос на фунтата во момент кога се засилуваат очекувањата дека Европската централна банка одново, на 15-ти јануари, ќе ги намали каматните стапки.

Податоците за инфлација во евро-зоната покажуваат поголем пад од очекуваниот.

Банката ја намали каматата во октомври од 4,25 на 2,5%.

Но се смета дека ново намалување може да и’ наштети на валутата затоа што инвеститорите ќе купуваат други валути за подобра заработка.

Во однос на еврото фунтата и натаму ја има една од најниските вредности.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност