Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 06. Јануари 2009 - Објавено на 17:12 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Нарушувања од гасот и во Бугарија
 
Софија
А една од земјите која е најдиректно засегната од намалувањето дотокот на гас е Бугарија.

БиБиСи разговараше со Драгосвет Горанов, портпарол на бугарското министерство за надворешни работи:

-„Утрово во три часот снабдувањето со гас беше прекинато на граничната линија меѓу Украина и Романија. Оваа гасоводна цевка оди кон Бугарија и оттаму како транзит минува во Турција и Македонија. Се' уште не знеме кој ја прекинал доставата, дали е од Русија или пак од самата Украина."

БиБиСи: Побаравте ли објаснување од двете земји?

-„Бугарската влада се состанува за овој проблем. Во меѓувреме, утрово министерството за индустрија и економија назначи комитет за итна состојба која ќе ја раководи ситуацијата додека не почнат редовни достави на гас."

БиБиСи: Дали за Бугарија ова е веќе итен случај?

-„Во моментов ситуацијата не е толку тешка бидејќи имаме некои залихи кои би можеле да служат во следниве дваесетина денови, потоа ние нема да имаме повеќе гас. Обично ги држевме залихите на 30 дена но во овој случај бидејќи последниве денови гасот беше намален, мораше да надоместиме дел од нашите потреби од резервите."

БиБиСи: Колкав дел од бугарските потреби за гас се задоволуваат од Русија?

-„Ние немаме практично никакви природни ресурси на гас ниту пак нафта така што 100% од потребите земјата ги задоволува од увоз и сето тоа од Русија", вели бугарскиот протпарол Драгосвет Горанов во разговор за БиБиСи.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>