Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 05. Јануари 2009 - Објавено на 09:11 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Понеделник, 5 јануари
 
Скопје
Снег во Скопје
„Груевски истури најжесток рафал врз ЕВН“.

УТРИНСКИ ВЕСНИК пишува дека со изјавата премиерот јасно става до знаење оти ЕВН продолжува да биде трн во окото на Владата.

УТРИНСКИ ја пренесува и изјавата од компанијата дека главната причина за испадите е огромната потрошувачка, но тие не се драматични.

Инаку Груевски ја повика Регулаторната комисија да направи проверки за да се види дали навистина се работи за дефекти или компанијата демонстрира, како то рече, монополистичко однесување.

УТРИНСКИ на уште една економска тема - пишува дека „Топлификација“ ќе се преориентира кон мазутот доколку има криза во снабдувањето на гас од Русија.

Академија

ВЕСТ пишува дека повторно ќе проработи Воената академија во Скопје и оти сегашниот состав на Министерството за одбрана разработува план за повторно школување на македонскиот офицерски кадар.

ДНЕВНИК пишува дека Коледе ќе ги изгори дрвата за сиромашните бидејќи секоја месна заедница ќе добие од два до четири кубни метри дрва, колку што трошат најсиромашните семејства во Македонија.

ДНЕВНИК пишува и за новите вработувања во болниците на 60 правници на кои пациентите ќе можат да им се пожалат од немањето на лекови до некоректниот однос на персоналот.

Снег

ВЕСТ пишува и за прилепчанецот Киро Христов кој после четири децении работа во Франција се вратил во родниот крај за да утврди дека семејството пред дваесетина години го прогласило за мртов за да му го поделат имотот.

Сите весници пишуваат и за проблемите кои ги причини снегот и десетиците села, во кои има и туристи, кои се отсечени поради временските прилики.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>