 |
|
| Од последните протести во Грција |
Грчката полиција вели дека автоматот „калашников" со кој денеска беше пукано врз еден полицаец во Атина, бил употребен и во
претходен напад врз полициска патрола.
Шефот на полицијата рече дека од истото оружје било пукано врз полициски автобус минатиот месец, но ги отфрли наводите дека
ова е дело на терористи, туку рече дека некои луѓе го загубиле разумот.
21-годишниот полицаец е во критична состојба и е ставен на апарати, по петчасовната операција.
Ова е најнов инцидент по насилството кое што изби во земјата откако минатиот месец полицијата уби едно 15-годишно момче во
Атина.
Во последниов инцидент, полицаецот бил погоден најмалку два пати откако еден напаѓач отворил оган врз полицијата распоредена
пред министерството за култура во центарот на главниот град на Грција.
|