|
Израелски напад врз училиште во Газа
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претставник на Обединетите нации вели дека најмалку 30 лица загинале а 55 се повредени во последните израелски напади во Газа
близу едно училиште каде што се засолниле стотици раселени лица.
Ова е втор ваков напад за два дена и светската организација повика да се одржи независна истрага за инцидентот кој се случи во Џабалија, на северот од појасот. Израел возврати дека нападот бил реакција на палестински напад од училиштето. Во меѓувреме, израелските сили се судрија со „Хамас“ близу Газа сити. Претходно Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека ситуацијата во појасот прераснува во сериозна хуманитарна катастрофа. Пред последниов напад палестински медицински извори потврдија дека од почетокот на судирите се убиени околу 600 луѓе. Црвениот крст рече дека поради тоа мора да се направи многу повеќе за да се заштитат цивилите. Дописникот на БиБиСи вели дека многу луѓе немаат греење и вода, гладни се и немаат пристап до медицински материјали. Во меѓувреме, израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека воената кампања во Газа ќе продолжи се’ додека, како што рече, Израел не ја збрише способноста на „Хамас“ да истрелува ракети. Тој додаде дека резултатот од оваа офанзива ќе биде конечно прекинување на шверцот на оружје во Газа. Додека траат битките, се одвиваат и засилени дипломатски напори за окончување на насилството. Дипломатија Францускиот претседател Никола Саркози по разговорите во Дамаск рече дека побарал од својот сириски колега Башар ал-Асад да го убеди „Хамас“ да соработува за да прекинат борбите. Инаку, Сирија се смета за главен поддржувач на милитантната палестинска фракција. Претходно, Тони Блер, меѓународниот пратеник за Блискиот исток рече дека прекин на огнот може да се постигне веднаш, ако прекинат испораките на оружје до „Хамас“ низ тунелите од Египет. „Пријателски оган“ Тројца израелски војници во несреќен случај се убиени од еден од нивните тенкови за време на борбите во Газа. Воен командант потврди дека тенкот удрил во зграда во која биле засолнети војниците. Во инцидентот се ранети 24 други војници. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||