BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 02. Јануари 2009 - Објавено на 08:14 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Што со економијата во 2009?
 
Банка на Америка
Какви се економските предвидувања?
Соединетите држави, според Националното биро за економски истражувања, веќе една година се во рецесија а се смета дека во слична ситуација е и голем дел од светот, со намален раст и економско забавување.

Па што може да не очекува во блиска иднина?

2009 веројатно ќе биде првата година по Втората светска војна кога развиените земји ќе почувствуваат назадување на нивната економија.

Ова во најмала рака е мрачното предвидување на Меѓународниот монетарен фонд.

Во тек се напори за закрепнување, спасувачки операции за банките, стимулативни планови од некои влади и намалување на каматите.

Централните банки во Америка и Јапонија ја сведоа официјалната стапка речиси на нула, а се очекува тоа да го сторат и други земји.

Но што ако сето ова не е доволно?

Што може да следи?

Може да се прибегне кон она што е познато под несварливото име - „квантитативно олеснување".

Тоа значи зголемување на количеството пари во економијата, а се прави со поголемо купување финансиски имоти од приватниот сектор.

Американските Сојузни резерви веќе направија почетен чекор и покажуваат дека се расположени да продолжат.

Но доколку владите решат да го зголемат трошењето, тоа може да доведе до печатење повеќе пари, нешто што економистите често го осудуваат како неодговорно и инфлаторно.

Но во моментов најголема грижа е рецесијата, која може да биде долга и длабока.

Па во вака необично тешка криза, владите и централните банки преземаат се’ за да се справат со проблемите.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност