|
Ракетниот штит во транс-атлантски меѓупростор
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сите нетрпеливо чекаат да ги видат промените во надворешната политика на Вашингтон, откако Обама и официјално ќе стапи на
должност.
Ова особено важи за Чешка, која потпиша, но се’ уште не го ратификуваше договорот со кој на Америка треба да и' биде дозволено на нејзина територија да распореди дел од контроверзниот против-ракетен штит кој толку ја вознемири Русија. Темата за против-ракетниот штит едвај беше забележлива на политичкиот радар во американската изборна кампања. Но во Чешката Република и оние малку зборови кои за неа беа изречени од кандидатите беа ставени под лупа и беше анализиран секој нивни детал. Во моментов планот за радарската база постои во cвоевиден транс-атлантски меѓупростор. Договорот беше одобрен од чешкиот горен дом но не и од долниот. Во меѓувреме, преку океанот, тимот на Обама молчи. Па, планира ли идниот претседател да го преиначи планот за штитот? Роман Јох е директор на Цивилниот институт, еден конзервативен аналитички центар во Прага. -„Може да се претпостави дека тој ќе се обиде да скрати дел од трошоците, но ако целосно го запре планот за ракетниот штит, тоа ќе биде најголемата геостратегиска грешка во неговата нова администрација и на него ќе биде гледано како на попустлив политичар." Обама во кампањата рече дека како претседател ќе го поддржи противракетниот штит, но само ако тој се докаже како исплатлив и ако се докаже дека функционира. Тоа може да биде корисна излезна девиза додека новиот претседател бара начини да заштеди пари и да ги обнови врските со Москва. Но тоа може да биде сложена задача бидејќи Москва смета дека штитот е насочен против неа, а не против „одметничките држави" споменати од администрацијата на Џорџ Буш. |
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
Дали Чешка е доволно зрела да ја предводи ЕУ?01 Јануари, 2009 | Вести
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||