Skip to main contentAccess keys helpA-Z index
BBCMacedonian.com
 
Ревидирано на: 05. Јануари 2009 - Објавено на 08:40 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
ЕУ дебатира за доставите на рускиот гас
 
Украински гасовод
Украински гасовод
Претставници на Европската унија денеска се сретнуваат во Брисел за да го проанализираат ударот кој руско-украинскиот спор околу доставите на гас го има врз западните земји.

Неколку европски држави пријавија дека им стигнува помало количество гас, откако Русија ја прекина доставата до Украина, поради како што вели Москва, неплатени сметки и потребата од нов договор за цените.

Уште од минатата недела рускиот енергетски џин „Газпром“ ја обвинува Украина дека краде гас кој што е наменет за европските клиенти.

Компанијата денеска повика Унијата да испрати набљудувачи во Украина.

Инаку, според „Газпром“, Русија сега пушта зголемено количество гас низ цевките кои ја заобиколуваат Украина.

Киев ги негира руските обвинувања.

Претходно, Русија ги уверуваше земјите од Европската унија дека нема од што да се плашат.

Премиерот на Чешката република, Мирек Тополанек, како нов претседавач со Унијата, настојуваше дека и Москва и Киев треба да ги почитуваат своите ветувања за испораките.

Украина гарантираше дека преносот кон запад ќе биде непопречен а нејзиниот претседател Виктор Јушченко изрази надеж дека со преговори спорот може да се реши скоро.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
 
BBC © ^^ Назад на почеток
 
  Архива
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>