BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 01. Јануари 2009 - Објавено на 16:11 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Во 2009 без ќесиња и „даски“
 
Торба - замена за пластичните ќеси
Торба - замена за пластичните ќеси
Македонија влегува во новата година со еден куп нови закони кои ќе ги сменат досегашните навики.

Од денеска на пример треба да се заборави на пластичните кеси и на „даските“ за послужување храна во рестораните, а да им се каже добредојде на бруто-платата и државните поволности за многудетно семејство.

Испраќањето на престапната 2008 и дочекот на новата 2009-та заврши. Завршија и славењата кои овој пат требаше да бидат покуси и поефикасни, затоа што 2-ри јануари е работен ден.

Но кои се новите предизвици на 2009-та?

Нема ќесиња и „даски“

На пример, ако тргнете во набавки, немојте да му се лутите на продавачот ако ве послужи на рака.

Од денеска пластичните ќесиња се вон употреба, па најдобро е да се понесе торбичка од дома, како некогаш! Сето ова во името на заштитата на природната околина.

Некои од оние кои што ги прашавме за оваа нова мерка велат дека се сеќаваат на сламариците познати како „зембиљи", а некои пак беа изненадени.

-„Ќе ги нема и знам дека веќе нема да ги има.“

-„Секогаш пазарам во свои торби. Ќеси пластични не ме интересираат.“

-„Скроз, комплет?“

А доколку деновиве славевте уживавајќи во кафеански амбиент послужени на омилените во Македонија „даски" за мезе, можеби и не сте знаеле дека се простувате и со нив.

Почнаа казнувањата на сите производители и трговци кои што нема да се придржуваат до новиот ХАСАП систем за безбедност на храна, па „даската“ не се смета за хигиенски прибор.

Инспекциите најавија дека веднаш ќе почнат со засилена контрола.

Бруто плати

Повеќе работа оваа година ќе имаа оние кои поинаку ќе го вреднуваат вашиот труд. Почнува системот на бруто плата, со кој ќе ви бидат пресметани сите примања, но и давачки.

БиБиСи: Дали сметате дека така ќе имате поголема контрола?

-„Тоа е тешко...“

-„Јас сум од она време кога платата беше бруто. Никогаш не викавме: дајте ни хранарина и возарина.“

Бебе

Но ова не е единствената економска мерка во оваа година.

Од 1 јануари стартува третиот пензиски столб, пензионерите веќе се радуваат за новите 3,5%, почнува третиот пензиски фонд, а болниците стартуваат со нов систем на наплата.

Бејби бум!

Оваа 2009 почнуваат и државни бенефиции за „бејби бум".

А за да нема недоумици кај слушателите не-пушачи, и годинава уживајте во никотинот со кафето и по обилниот оброк, но во определените за тоа делови на угостителските објекти.

Од следната година - снаоѓајте се европски.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност