|
Ахмети: „Конечно помирување во Македонија“
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во разговор за БиБиСи вели дека годината што изминува ја
одбележа коалицијата на неговата партија со ВМРО-ДПМНЕ, што за него претставува конечно помирување во Македонија.
За следната година, Ахмети посакува избори спроведени според највисоки демократски стандарди. Ахмети смета дека за петте месеци колку што ДУИ е дел од во владината коалиција, партијата има големи постигнувања. Ги наведува донесувањето на законот за употребата на јазиците, вработувањата на немнозинските заедници во администрација, отворањето на Музеите - на слободата за Скопје и на азбуката во Битола. Тој ги отфрла обвинувањата дека неговата партија има инфериорен статус во Владата: -„Јас мислам дека една од победите не само за Албанците но најпрво за Македонците за 2008-та година, е коалицијата ДУИ - ВМРО-ДПМНЕ. Ова од повеќе причини, прво дека се прави конечно помирување помеѓу сите граѓани на Република Македонија, што е нужност и огромна потреба за да се има стабилност, мир и перспектива", вели Ахмети. Ахмети вели дека полициските акции во Скопје и во Куманово биле оправдани но сепак бара од полицијата да ги истражи можните прекршувања на овластувањата на нејзини припадници: -„Последната полициска акција беше преувеличена, без право, бидејќи се кажа дека биле претресувани 200 куќи, а излегоа 19, се велеше дека две илјади граѓани биле повикани на информативни разговори, а излезе дека биле шеесет. Овде имаме еден конкретен случај, убиен е еден полицаец - Албанец, Африм Арифи, и беа повикани на информативен разговор луѓе кои имале врска со него", вели Ахмети. За 2009-та, Ахмети вели дека тој и неговата партија посакуваат и очекуваат изборите во Македонија да бидат спроведени според највисоки демократски стандарди. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||