|
Трговија со луѓе
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вчера, Министреството за внатрешни работи на Македонија реферираше за напредокот во решавањето на проблемот со трговијата.
Официјалните лица и експертите велат дека Македонија напредува во борбата против трговијата со луѓе, но и оти треба да се внимава на фактот дека за ралика од пред неколку години, кога се тргуваа жени најчесто од други земји, денес најчести жртви се македонските државјанки. Еве што вели една од нив: -„Јас имав 16 години, накај 17 одев, имав другарка, таа ми го направи тоа, ме викаше на кафе и ме пикна таму, во село. Имаше еден газда тука и тој не не’ оставаше никаде. Мене кога ми се качија тие моите јас побегнав." А дали некој од нејзините знаел каде се наоѓа во тоа време? -„Не знаеја каде се наоѓам", вели девојката. И како се однесуваа со неа? -„Лошо, многу, не можам да раскажувам." Оваа девојка зборува за својот пекол, откако била принудувана да работи и да пружа сексуални услуги во еден локал во западниот дел од Македонија. Се менува сликата за жртвите, се’ помалку се странски државјанки. Најчесто, велат експертите, жртвите се девојки од источните делови на државата кои се принудени да „работат" во главниот град или во Зарадна Македонија. Михаил Готовски е дел од Коалицијата „Сите за правично судење": -„Во 2008 година, за разлика од претходните се забележа многу поголем процент на домашни тргувани лица. Делот на странски државјани кои што беа внесени во Република Македонија заради трговија опадна." За ова сведочи и градоначалникот на Боговиње, Невзат Елези, локална средина во која долго време, јавна тајна беше постоењето на „сомнителни" локали. -„За споредба, пред 2001 година кога во Боговиње имаше стотина, двеста Бугарки, сега тој број многу се намали, има една, две до три кафеани кои работат од тој аспект, еден угостителски објект кој пружа разни услуги", вели Невзат Елези, градоначалник на општина Боговиње. Министерката за внатрешни работи, пак, Гордана Јанкуловска, вели дека е видлив напредокот во борбата против органиизраниот криминал. Во својот годишен извештај Стејт департментот, Македонија ја рангираше во една категорија понапред вбројувајќи ја во редот на земјите кои што целосно ги задоволуваат стандардите во борбата против трговијата со луѓе. Според Готовски пак, има позитивни промени во судката постапка во делот на овие предмети: -„Во просек, предметите кои траеле година или година и еден месец, сега се завршуваат за три до четири месеци што значи огромно намалување и ефективност во постапката, во делот на казнувањето на сторителите годинава за разлика од претходните години имаме многу мал дел досудени казни затвор помали од досудениот минимум. Најголем проблем во овој дел беше криучарењето мигранти, определени лица најчесто такси превозници поединечно беа судени и судовите не можеа да ја досудат минималната казна која што е четири годни затвор“. Сепак, набљудувачите сметаат дека се’ уште треба да се работи на материјалното обештетување на жртвите, а проблем се јавува во кривичната постапка во делот на конфискација на имот, неказнувањето на корисниците на сексуалните услуги и правните лица вклучени во трговијата со луѓе. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||