BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 29. Декември 2008 - Објавено на 17:13 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Буџет за 2009-та без опозиција
 
Народната Банка на Македонија
Централната банка со поинакви проценки
Македонското собрание го изгласа буџетот за 2009 без поддршка на опозицијата.

Со него се предвидуваат 153 милијарди и 215 милиони денари приход, а буџетскиот дефицит изнесува 2,8%.

Во меѓувреме, македонската Народна банка предвидува помал економски раст од проценките на власта.

Експертите, пак, велат дека во услови на глобалната криза, неблагодарно е да се даваат било какви оценки.

Критики на опозицијата

Опозицијата најави дека нема да го поддржи вака планираниот буџет. Јани Макрадули е пратеник од редовите на Социјалдемократите:

-„Овој буџет нема развојна компонента, има многу трошоци за непродуктивни расходи, овој буџет не е реален и не ги апсорбира мерките и барањата на бизнис заедницата за излез од економската криза."

За опозицијата не се остварливи планираните наплати на одредени давачки и полнењето на буџетот поради последиците од економската криза, а иако овој буџет е најголем до сега, обемот на капиталните инвестиции е на исто ниво како и во годинава.

Се дискутираше и околу планираниот буџетски дефицит, кој пак според министерот за финансии Трајко Славевски ќе помогне во справување со последиците од економската криза:

-„Делот од буџетскиот дефицит кој што е наменет за инфраструктурни проекти навистина ќе треба да овозможи компензација на намалената побарувачка на други полиња."

Помал пораст?

Истовремено во расправата за буџетот, гувернерот на Народната банка на Македонија Петар Гошев, предвиде помал раст на економијата од пресметките на власта.

Додека Владата вели 5,5, Гошев предвидува 3-4,5% раст на бруто домашниот производ.

Предвидената инфлација пак и според власта и според НБМ ќе се движи меѓу 2,2 и 3,5%.

Сепак Гошев додава:

-„2009 година е многу тешка година за проекции".

Со неговата констатација се согласува и професорот Томе Неновски, кој пак додава дека сепак треба да се внимава:

-„Развојниот дел ќе треба да го обезбедат оние 480 милиони евра меѓутоа ако се реализираат, ако не се реализираат веќе ќе имаме сериозен проблем. Прашањето е од тие средства што ќе се соберат колку ефективно ќе се вратат назад во економијата и преку системот на распределба да се обезбеди покривање на оние да ги наречам „просторни дупки", каде што најмногу ќе биде потребно да се интервенира во следниот период."

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност