|
„Сметки“ на пазарите - подоцна
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
По многу најавувања, протести и нејаснотии, конечно се одложува фискализацијата на зелените пазари во Македонија.
До влезот на земјата во Европската унија, тезгаџиите ќе плаќаат паушален данок на приход, а потоа ќе стапи на сила предвидената законска обврска. Ова го реши македонската Влада по средбата со претставниците на пазарите. По бурните реакции на пазарџиите притив фискализацијата на тезгите која требаше да стартува на први јануари догодина, Владата реши да им даде преоден рок. Решението е, до влезот на Македонија во Европската унија, пазарџиите да плаќаат данок на паушален приход, изјави попладнево вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставревски: -„Оние кои што се трговци, продаваат по пазарите, сега ќе бидат регистрирани како такви и ќе плаќаат паушален данок, до влезот на Макеонија во ЕУ. Висината на тој данок, мислам дека дополнително ќе биде утврдена, мислам дека тоа не е работа за која не може да се најде заеднички договор“, изјави Ставревски. Екрем Долек, претставникот на пазарџиите на преговорите во Владата не го криеше задоволството од постигнатото решение: -„Дај боже Македонија утре да влезе во ЕУ, ние сите пазари ќе ги затвориме во Република Македонија“, вели Долек. Министерот за финансии, Трајко Славевски вели дека сепак граѓаните не треба да се чудат ако во иднина видат фискални сметки на зелените пазари:
-„Ако некој има дуќан или дуќани низ Скопје, за текстил, за продажба на земјоделски производи, овошје и така натаму, а има тезга на пазарот, тие се поврзани субјекти и доколку има фискална сметка во дуќанот ќе има и на тезгата“, вели министерот Славевски. Одредбите кои денеска беа одложени предвидуваа казни од 300 до 500 евра за секој закупец на тезга кој ќе работи без фискален апарат, против што протестираа пазарџиите. Еве што велат на „Буњаковец“: -„Едвај опстануваме за дневни и животни потреби месечно, а камоли фискани сметки.“ -„Сто евра и сто - двеста евра, за нас останува ништо - трошоците да ги покриеме. Плус нема никакви услови на пазарот.“ -„Плати тезга 5.400, и фискална ако ти стават... за што ќе работиш, гориво додека дојдеш.“ -„Ние ќе застанеме уште еднаш пред Собрание, нека ни најде работа, да не застанам јас овде, кој е тој будала што ќе застане на минус 30 или минус 20.“ -„Друго е продавница, овде траењето е еден ден, сабајле салатката е 10 денари, на пример, попладне е 5 денари.“ На зелените пазари во Македонија работат околу 30 илјади пазарџии. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||