|
Дали полицијата ги дискриминира Албанците?
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Истрагата по едно убиство на полицаец од специјалнaтa единицa „Aлфa", во Македонија деновиве одново ја врати темата - дали
полицијата ги дискриминира етничките Албанци во земјата?
Политичките партии на Албанците велат дека апсењето осомничени за убиството минатиот месец во Скопје е селективно и против нивната заедница. Но полицијата тврди - криминалот не познава етнички граници! Сефер Тахири, комуниколог од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, смета дека при последната акција во Скопје полицијата ги пречекорила своите надлежности, користела насилни методи кои не се во согласност со нејзините надлежности. Според Тахири, ова постојано се случува кога се апси во средини со мнозинско албанско население: -„Полицијата и додека е на власт ВМРО-ДПМНЕ, но и континуирано од осамостојувањето, кога прави акции во населени места со Албанци, континуирано користи методи кои не се во согласност со демократските принципи, бидејќи и во оваа акција имало нарушување на приватноста на луѓето кои немале никаква врска со настанот, имало упади во куќите и без налози", вели Тахири. Владимир Божиновски од Институтот за демократија пак смета дека полицијата се однесува во согласност со нејзината функција. Според Божиновски, проблемот е во албанскиот партиски блок, „од барањето на поголеми права за Албанците", своите програми да ги насочат кон социјалните теми: -„Се’ се случува поради, на некој начин, проблемот кај, условно речено, етнички албански партии, да се преориентираат од партии кои што настанале со една цел, зголемување на правата на Албанците кон граѓанскиот сектор. Сите оние права кои што ги бараа и ги добија и високообразование и употребата на албанскиот јазик и сега тие може се наоѓаат во еден ќорсокак како да се преориентираат спрема граѓанското општество и цивилниот сектор", вели Божиновски.
Сефер Тахири смета дека со ваквите акции Владата се обидува да го урне имиџот на Албанците, нивното однесување да се претстави како недемократско: -„Со вакви акции сакаат да го оттргнат вниманието од реалниот проблем со кој ќе се соочи во 2009-та, тоа е името и блокирањето свесно од негова страна на процесот на интеграција во ЕУ и НАТО", вели Тахири. МВР не води одделна статистика по етничка припадност на осомничените, зошто криминалиот нема етнички предзнак, ни изјави Иво Котевски, помошник министер за внатрешни работи: -„Кога ќе се утврди постоење на индиции за вклученост на одредени лица во одредени кривични дела, без разлика на нивната политичка, етничка припадност, без разлика на нивната функција или работно место, полицијата ќе постапи согласно законот. Впрочем, тоа го докажуваат и бројните акции како што беше и последната при расчистувањето на случајот „Изгрев" кога 16 лица во Струга беа приведени поради основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела од областа на економскиот криминалитет." Во „Хелсиншкиот комитет“ се’ уште немаат изградено став за последните полициски акции. Како и во полицијата, и народниот правобранител своите претставки не ги дели според етничка линија. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||