BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 17. Декември 2008 - Објавено на 17:28 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Проблеми со дебелината кај британските деца
 
Дебелина кај младите
Дебелина кај младите
Ново истражување во Британија навестува дека повеќето дебели деца ја добиле одвишната тежина пред да наполнат пет години.

Многу се истакнува потребата децата да се активни и здрави, но ова ново истражување тврди дека во повеќе случаи, дебелината веќе напреднала пред децата да почнат да одат на училиште.

Научниците сугерираат дека се потребни поголеми напори за да се види што јадат дома двегодишните или тригодишните деца и колку се активни.

Дебели петгодишници

Како и поголем дел од развиениот свет, Британија има проблеми со дебелината кај децата.

И покрај многубројните кампањи да се подигне свеста кај родителите, четвртина од петгодишниците во Англија се дебели.

Сега, истражувањето на британски лекари, објавено во списанието „Педијатрија", навестува дека повеќето деца со прекумерна тежина всушност ја добиле истата додека биле мали, под пет годишна возраст.

Затоа се повикуваат родителите да ги хранат своите претшколски деца со поздрава храна и во помали порции.

Лекарите предупредуваат дека додека да дојдат до школска возраст, штетата кај децата е веќе причинета.

Американски панталони

Аманда Брумхал, мајка од јужна Англија, откри дека нејзиниот деветгодишен син тежи исто колку и неа. Таа го опишува мигот кога сфатила оти нешто мора да се смени:

-„Тоа беше кога открив дека веќе не можам да му купувам панталони. Морав да одам во Америка за тоа, бидејќи имаат специјализирани продавници за дебели деца. А малку е претерано да треба да се оди преку Атлантскиот океан за едни панталони но тука немаше никој кој произведуваше такви. И си помислив дека тоа не е в ред. Не ми е грижа како гледате на тоа, но не треба да летате со авион преку океан за да купите панталони за своето дете.“

Таа зборува отворено за проблемот, но во напис за интернет-страничката на БиБиСи, главниот медицински службеник за Англија, Лијам Доналдсон, предупредува дека некои родители се плашат да признаат оти нивните деца се дебели, бидејќи самиот израз станал општествено табу.

Но тој вели дека дебелината брзо се решава со правилна исхрана.

Ако се остави, може да доведе до рак, срцеви болести, дијабетес и артритис.

 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност