|
Поштарите „притиснати да забрзаат“
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Во Британија, поштарите и поштарките велат дека нивните менаџери им кажале дека мора да го забрзаат одот.
Вработените велат дека не можат да постигнат бидејќи новите критериуми, пресметани од компјутер, се целосно нереални. Поштарите во Британија најчесто одат со околу 3,5 километри на час, но нивните шефови добиле од Канада некоја нова компјутерска програма, која пресметува колку долго треба да трае маршрутата на секоја испорака. Според новиот компјутеризиран систем, поштарите велат дека им се вели дека мора да чекорат двојно побрзо и да одат со речиси 6,5 километри на час. Синдикалните лидери велат дека ова им се наметнува без никаква консултација и без правилно да се земат предвид вистинските околности на испорачувањето на поштата - како на пример времето поминато во чекање да им отворат врата на поштарите. Синдикалните лидери исто така велат дека сега поштарите и поштарките мораат да работат прекувремено, без да бидат платени, само за да ги постигнат овие нереални цели. Еден поштар, кој сакаше да остане анонимен, вели дека не може да се справи со тоа што му кажуваат дека мора да оди побргу: -„Се јавуваш кај менаџерот и му велиш дека се бориш да постигнеш. Следи молк на другата страна од слушалката, а потоа прашање - 'Зошто? Што е проблемот? Зошто имаш проблем?'. Ова е психолошка тортура." Демант „Кралската пошта“ негира дека некој бил малтретиран или принудуван. Велат дека никој не е присилен да оди со абнормална брзина и дека повеќето од нивните вработени се’ уште чекорат со нормално темпо за време на нивните маршрути. Но задишаните поштенски работници инсистираат на тоа дека реалноста е поинаква - велат дека тие мораат да џогираат, дури и да трчаат на дел од нивните маршрути за да ја остварат нормата. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||