|
Доминацијата на САД ќе опадне?
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Американски разузнавачки извештај предвидува дека за две децении, Соединетите држави веќе нема да бидат доминантна воена и
политичка сила.
Државниот разузнавачки совет, кој ги координира сите податоци од агенциите, вели дека Кина, Индија и Русија се' повеќе ќе се спротиставуваат на американското влијание во светот, а западниот демократски модел може да стане помалку привлечен. Се предвидува и дека американскиот долар ќе го загуби својот статус како главна светска валута. Сепак, извештајот признава дека ваквиот исход не е неизбежен и ќе зависи од потезите на светските лидери. Нова екипа Помошник на новоизбраниот американски претседател Барак Обама рече дека се зајакнува можноста Хилари Клинтон да биде назначена за нов државен секретар на Соединетите држави. Член на преодната екипа на Обама рече дека новиот претседател е на пат да ја предложи Клинтон за оваа должност. Помошникот рече дека Обама и Клинтон разговарале за ова и дека се решени финансиските прашања околу сопругот на Клинтон, поранешниот претседател Бил Клинтон. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||