|
Мадона и Ричи се разведоа пред суд во Лондон
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Aмериканската поп-ѕвезда Мадона и филмскиот режисер Гај Ричи утрово и официјално го завршија својот брак во една лондонска
судница.
Но, и двајцата беа отсутни од рочиштето на кое се делеше семејниот имот. Осумгодишниот брак на популарната двојка заврши за само неколку минути. Во една изветвена и неугледна судница случајот со име „Чичоне против Ричи“, беше презентиран заедно со уште 16 други. Окружниот судија праша дали некој има за нешто да се противи. Никој не се пријави и бракот беше анулиран. Така наречениот „брз развод", следеше по една петиција на Мадона во која се вели дека Гај Ричи се однесувал неразумно. Но документите објавени од судот покажуваат дека двојката постигнала „заемно прифатливо решение" околу нивниот посед и за старателството врз децата. Се’ уште не се објавени детали од спогодбата, иако неколку весници пишаа дека Гај Ричи не барал дел од богатството на Мадона тешко 450 милиони долари. Па „Материјалистката" (The material girl), е повторно слободна, но контрастот со бракот од сништата во шкотскиот замок не можеше да биде поголем. Мадона не беше во судницата оти е на турнеја на наречена „Sticky and sweet". Нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг Ричи, е на филмска локација каде што режира нова адаптација на Шерлок Холмс. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||