|
Два концепти за финансиската криза во Македонија
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Во Собранието на Македонија, комисијата за економски прашања расправаше за влијанието на светската економска криза врз македонското
стопанство.
Претставници од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери и овој пат бараа од гувернерот на Народната банка на Mакедонија, Петар Гошев, да ја намали каматната стапка. На денешната седница на собраниската комисија за економија, дојде до судир на два концепти за тоа како Македонија да се справува со последиците од светската економска криза. Сигурност на институциите Гувернерот Петар Гошев ја потенцираше стабилноста и сигурноста на македонските финансиски институции. Од друга страна, претставниците на партиите од владеачката коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од гувернерот бараа да ги намали каматните стапки, за Македонија, како што тврдат, со подинамичен економски развој да се извлече од кризата. Оваа тема постојано се провлекуваше не само во дискусиите, туку и во неформалните дофрлувања, како што се случи меѓу гувернерот Гошев и пратеникот Љубисав Иванов-Ѕинго од Социјалистичката партија: -„А ова околу каматите, убеден сум дека ќе размислите!“ - порача Ѕинго. Гувернерот Гошев, пак, ги отфрлаше повиците на пратениците дека со намалена камата ќе се постигне повеќе динамика во економијата.
Тој се спротистави и на ставот дека девизните резерви на Македонија треба да се употребат за стимулирање на економијата: -„И ние, спротивно на некои што мислат дека имаме повеќе отколку што треба, добро е да имаме уште нешто, како домаќинска куќа“ - рече Гошев. Економска затвореност Професорот и експерт по економски прашања, Абдулменаф Беџети, зборуваше за економската затвореност како ситуација која ја заштитува Македонија од поголема криза: -„Се критикувавме и ние самите зошто немавме развиен финансиски пазар, отвореност, конкуренција, либераилзациај во тој пазар - но поради сетоа тоа сега не сме изложени на криза. Значи во сета таа лоша страна имало и добра“ - изјави Беџети. Претставничката на македонското Министерство за финансии, Никица Мојсовска Блажевска, даде оценки дека кризата ќе трае кратко, најдоцна во текот на 2009 година, како што рече таа. Според Блажевска, Македонија и покрај кризата бележи висок економски раст: -„Во 2009 година предвидуваме 5,5% раст на БДП. Првичната проекција беше 6,7%, споменав очекувавме подинамичен развој понатаму, меѓутоа тоа е сепак позитивна висока стапка на раст.“ Блажевска го најави и планот на Владата за излез од економската криза со нови, големи инвестиции во инфраструктурата. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||