BBCMacedonian.com
Aлбански
Српски
Турски
 
Ревидирано на: 21. Ноември 2008 - Објавено на 16:12 GMT
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
Фрид: „Прагматично со ЕУЛЕКС“
 
Фатмир Сејдиу со Гордон Браун
Фатмир Сејдиу со Гордон Браун
Косовските лидери се распрснати по Европа во обид да добијат поддршка во нивниот обид Обединетите нации да ја признаат косовската независност.

Претседателот Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи се’ уште се во Лондон каде што вчера попладне се сретнаа со британскиот премиер Гордон Браун и министерот за надворешни работи Дејвид Милибанд.

Протести во Приштина

Во меѓувреме, во Приштина имаше протести околу планот од шест точки кој ја зацртува мисијата на Европската унија, ЕУЛЕКС, а кој се однесува на царината, полицијата, судството, транспортот и српското наследство во Косово.

Косовските Албанци се противат во северните делови од државата, некои од овие сектори да бидат под контрола на Обединетите нации.

Се’ уште актуелниот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Даниел Фрид, за БиБиСи зборува дали според него планот од шест точки на светската организација е прифатлив...

Фрид: -„Планот од шест точки не е прифатлив за Косовците. Јас нема да зборувам во нивно име, но јасно е дека тие сметаат оти тие не беа вклучени во преговорите за него. Од друга страна она што можеме да го кажеме е дека мисијата на ЕУЛЕКС може да биде спроведена дел по дел на еден прагматичен начин. И се’ додека косовската влада е консултирана, мислам дека тие ќе бидат подготвени да бидат флексибилни".

Косовското знаме
Косовското знаме

БиБиСи: Сметате дека ЕУЛЕКС мисијата сепак може да продолжи, дека таа не мора да зависи од тоа дали Косово ќе го прифати планот од шест точки?

Сложена дипломатија

Фрид: -„Мислам дека ЕУЛЕКС треба да продолжи со спроведување. Ќе има многу сложена дипломатија во следниве неколку денови. Сите ќе мора да бидат прагматични и да покажат добра воља. Сигурен сум дека можеме да продолжиме оти Соединетите држави и Европската унија се во целосна согласност за мисијата.“

БиБиСи: Колку голем зафат си има преземено на свои раце ЕУЛЕКС мисијата за Косово?

Фрид: -„Тоа е доста голема задача но тие не почнуваат од ништо. Косовските институции се веќе поставени а Обединетите нации од почетокот завршија доста добра работа. Луѓе кои не биле на Косово од војната, велат дека се вчудовидени од напредокот кој го гледаат. Надежите се оправдани. Косово со време може да постави европски стандарди. Треба да бидеме задоволни што косовската влада, дури и денес дури и со сите тензии околу шесте точки, има воља јавно да ја поздрави соработката со Унијата, па да градиме оттука"- вели Даниел Фрид од американскиот Стејт департмент во разговор за БиБиСи.

 
 
ЛОКАЛНИ ЛИНКОВИ
НАЈНОВИ ВЕСТИ
 
 
Испрати имејл на пријател   Верзија за печатење
 
 
  За нас | Пишете ни
 
 
BBC Copyright Logo ^^ Назад на почеток
 
  Вести | Македонски печат | Британски печат | Учете англиски | Време
 
  BBC News >> | BBC Sport >> | BBC Weather >> | BBC World Service >> | BBC Languages >>
 
  Помош | Пишете ни | Приватност